Уписите на Code Academy за Full-Stack Developer се во тек и предавањата ќе започнат на 20-ти септември, 2019 година!

За упис, потребно е прво да потполните општа апликација тука

Откако ќе аплицирате, ќе бидете контактирани од нашиот HR тим за да бидете поканети на интерју. На ова интервју ќе треба да решавате генерален IQ тест и ќе ви бидат поставени серија на прашања преку кој што ќе бидете оценети и од тоа ќе зависи дали ќе бидете примени во академијата.

Селекцијата на студенти ќе биде лимитирана на само најдобрите апликанти кои успешно ќе го поминат интервјуто за селекции. Бараме нашите идни студенти да покажат дека имаат волја и силна желба да станат програмери.

Предавањата ќе се оддржуваат 3 пати неделно во Клуб на Новинари, со времетраење од 3 часа, од 18:00 до 21:00 часот и пауза од 20 минути. Програмата ќе трае 26 недели односно 6 месеци, а потоа по завршувањето се започнува 3 месечна пракса во реномирани IT компании во Македонија.