Во талентираниот фотограф се криел уште поталентиран програмер - Code Academy
Во талентираниот фотограф се криел уште поталентиран програмер

Запознај го Лео. Тој е еден од подобрите студенти кои успешно ја заврши нашата Full-Stack Web Development Aкадемија, и денес сака да ја сподели неговата приказна со вас.



Кои ти беа најголемите предизвици додека учеше да програмираш и како успеа да ги совладаш како тотален почетник?


Прв најголем предизвик беше обидот да се научат повеќе програмски јазици наеднаш, а втор предизвик ми беше да го пребродам мојот страв, бидејќи мислев дека програмирањето е многу тешко. Но, со многу напорна работа и безброј часови поминати пред мојот лап-топ, како и посетување на Web Development Академија на Code Academy, успеав да ја постигнам својата цел и да станам Full-Stack програмер.



Која е твојата приказна, Лео? Што те мотивираше да научиш да програмираш?


Мојата љубов кон програмирањето започна со мојот прв пристап на социјалната мрежа Facebook. Веднаш оваа платформа ме заинтересира, и почнав да истражувам како функционира и што ја прави да биде толку популарна. Во текот на моето истражување, се повеќе бев обземен од фактот дека и јас можам нешто вакво да изградам.


Уписите за Full-Stack Web Development се во тек!
Аплицирај тука


Дали програмирањето ти беше тешко, како што ти изгледаше?


Секако дека било која нова вештина е тешка на самиот почеток, но сметам дека не е толку тешко колку што некои луѓе го опишуваат. Со напорна работа, вложен труд и голема желба, секој може да го постигне тоа што го замислува, па дури и да стане full-stack програмер.



Што работиш сега?


Со помош на Career Training услугите на Code Academy, успеав да најдам работа како програмер за една платформа за доставување на храна. Моментално работам 24/7 на неа и верувам дека ќе биде најдобрата во Македонија, а понатаму и на регионално ниво.



Каков совет би им дал на луѓето кои сè уште се во дилема дали да се запишат во Code Academy?


Да не размислуваат премногу! Доколку сакаш да станеш програмер, тоа можеш да го направиш веднаш. Му препорачувам на секој што сака да се запише да биде свесен дека е интензивна програмата и бара посветеност, значи што послободно време имаш, повеќе време ќе можеш да се посветиш.


Ако јас можам да станам junior програмер без претходно познавање од ниеден програмски јазик, можеш и ти!



Сметаш ли дека вредеше целиот вложен труд?

Секако! Вложив многу труд кој верував дека ќе се исплати, и навистина беше така. Истото важи и за било кој друг.


Ова е проект изграден од Лео во време на неговото време во Code Academy. MOInfo е платформа која ги прикажува најпопуларните и најгледаните филмови и серии.



Како изгледаше целиот процес после Академијата?


Откако го добив сертификатот за успешно завршување на академијата, Code Academy постојано беше со мене. Се додека ја најдов работата што ја посакував, и за тоа сум многу благодарен до академијата.


Маријана, која работи како HR & Career Trainer во Code Academy, ми помогна во целиот процес откако ја завршив академијата, од креирање на неверојатно CV до морална и техничка поддршка пред моето интервју.



Каде се гледаш себеси за 10 години од сега?


За 10 години, се гледам себеси како сум изградил една од најголемите и најпопуларните ИТ компании во светот, а да биде стационирана во Македонија. Ти благодариме Лео и ти посакуваме сé најдобро!


Те интересира повеќе за Академиите во Code Academy? Закажи разговор со нашиот кариерен тим на