Како да започнеш кариера како програмер, без 1 ден поминат на факултет - Code Academy
Како да започнеш кариера како програмер, без 1 ден поминат на факултет

Во моментов сигурно ти е тешко да поверуваш дека 33-годишен човек од Македонија без никаквo предходно познавање од програмирање за помалку од 6 месеци успеа да си ја промени кариерата од оператор на машини во Џонсон Мети до програмер во ИТ компанија, дуплирајќи ги неговите примања.

Доколку оваа успешна приказна те интересира, наскоро ќе дознаеш како тој, и многу други студенти на Code Academy, успеаа да го постигнат тоа.

Да започнеме со демистификација на тоа што значи да си програмер.

Кога повеќе луѓе ќе го слушнат зборот програмирање, тие најчесто се асоцирани со потреба од познавање на математички науки, материја, за која, ако сакаме да бидеме реални, на многу луѓе, не им е баш нај привлечна.

Реалноста во денешно време е дека математиката употребена во програмирање е многу различна од математиката која што би ја учеле на факултет, во повеќето практични случаи, дури и воопшто не користена.

Да знаете да програмирате е повеќе како да знаете и користите нов јазик, каде секое испишан збор врши одредена функција. Истото, во суштина не е тешко да се изучи, и тоа може да го стори секој кој ќе се посвети.

Мисијата на Code Academy Академијата од самиот почеток беше да го демистифицра програмирањето како вештина, и да ги инспирира сите оние кој не верувале дека немаат способност да го научат тоа, овозможувајќи систем на изучување преку реализација на вистински проекти.

Со оваа техника, нашите студенти, наместо да се справуваат со бескрајни часови по теорија, си ги закусаа ракавите, и првите неколку дена ги започнаа градејќи апликации со помош на нашите ментори и асистетни.

Резултатот беше зачудувачки! Студенти кои немаа никакво познавање од програмирање, за помалку од 6 месеци беа способни сами да изградат високо комплексни апликации како Instagram, Skype, AccuWeather, а некој дури и комплексни веб базирани игри.

Code Academy денеска број повеќе од 300 студенти, каде сите досега дипломирани се на платени пракси или вработени.

Од самото оснавање на Code Academy до денеска, нашата цел беше да создадеме специјализиран ИТ кадар, во сектори каде што е дефицитен, во процесот, истовремено стимулирајќи пораст во ИТ секторот и на младите кои посакуваат да изградат достојна кариера.

Доколку и ти имаш амбиција да започнеш кариера во ИТ секторот во Македонија, Code Academy е тука да ти помогне во целиот процес. Од самата едукација, па се до вработување. Се што треба да направиш е да се пријавиш на некој од нашите тековни курсеви, а за останатото, ние ќе се погрижиме.