Не жалам што дадов отказ од работа за да научам да програмирам! - Code Academy
Не жалам што дадов отказ од работа за да научам да програмирам!

Соновите навистина можат да станат реалност.

Тоа беше една од многуте интересни реченици кои Зоран Јовановски ги кажа додека ја раскажуваше неговата приказна за тоа како стана Full-Stack програмер.



Која е твојата приказна, Зоки? Што те мотивираше да научиш да програмираш?


Наједноставно кажано, јас сум гејмер цел живот. Толку многу бев опседнат со видео игри што ми даде инспирација да научат да програмирам, иако немав никакво предзнаење.


Не знаев што е “var”, ниту пак што е “display: flex”. Навистина бев почетник, но имав огромна желба на научам.



Дали програмирањето ти беше тешко?


На почетокот, ми беше прилилно тешко да се снајдам, но така е со било какво изучување на нешто ново.


Секако, започнавме со основата (HTML & CSS) и беше интересен фактот што сè што кодираш, веднаш го гледаш на екранот, односно е resposnive.

За мене, JavaScript беше прилично тешко.

Овој период во текот на предавањата, одлучив да вложам многу повеќе труд и енергија за да ги совладам сите нови предизвици пред мене.

Се одлучив дека ќе дадам 110% и ќе се вложам целосно да научам да програмирам. Сите обврски комплетно ги откажав, па дури и дадов отказ од мојата претходна работна позиција.



Какво беше твоето искуство додека беше дел од Code Academy?


Уште од почетокот, Академијата ми укажа дека сака да ме има како студент и сака да успеам понатаму во мојата нова кариера. Уште од првото интервју со HR експертот Маријана, добив голема самодоверба дека навистина можам да бидам одличен и високо платен full-stack програмер.

Тие се погрижија за целиот процес да го поминам на најдобар и најефективен можен начин.

Благодарен сум и среќен што ги одбрав токму Code Academy.

Уписите за Full-Stack Java Академијата се во тек!
Аплицирај тука

Кои ти беа најголемите предизвици додека учеше да програмираш и како успеа да ги совладаш како тотален почетник?


Предизвик ми беше помислата дека почнувам нешто ново и “the unknown”.



Зошто одлучи да дадеш отказ од претходното работно место?


Работев со електроника, но само hardware, а не и software аспектот. Иако беше добра работната позиција, немав доволно предизвици и не беше динамично.

А новата работна позиција е сплет на двете: Програмирање и претходното знаење што го имав за елеткроника. За мене, подобра комбинација не постои.



Што работиш сега?


По завршување на Академијата, многу брзо се вработив во IP Home & Office, компанија која изработува и продава “Powerbox”, кутија преку која можеш да ги контролираш сите аспекти од твојот дом, преку мобилна апликација. Се од светла до врати, прозорци и климатски уреди.

Додека аплицирав за повеќе работни места преку Code Academy, случајно ја најдов оваа компанија на LikedIn и одлучив да аплицирам, иако мислев дека нема да ме примат.

Маријана ми помогна околу подготовка за интервју и создавање на неверојатно CV. Без нејзината помош, шансите за вработување ќе беа многу помали.

Не можам да го опишам тоа чувство на радост, возбуда и нетрпеливост, кога прочитав дека сум примен!



Каков совет би им дал на луѓето кои сè уште се во дилема дали да се запишат во Code Academy?


Светот на програмерите е огромен и постојано се надоградува и менува, не само инфраструктурно, туку и во смисла на човечки ресурси. И овој свет се впива во остатите индрустии.


Голема е предност е што ако веќе имаш некои стручни предзнаења, можеш многу полесно да креираш веб страници и апликации во таа сфера.

На пример, подобро вклопување во банкарскиот сектор би имал програмер кој има претходно искуство во оваа индустрија, за разлика од некој “out-sider”.

Уште една огромна предност е што образованието не е пресудно. Не мора да имаш диплома или да студираш на било каков факултет.

Тоа што е битно е да го преточиш твоето знаење (откако ќе научиш да програмираш) во код и да направиш нешто неверојатно.

За тие кои размислуваат да станат високо платени Full-Stack програмери, им препорачувам воопшто да не се двоумат, да го превземат следниот чекор и да научат да програмираат.



На какви проекти работеше во склоп на Code Academy?


Работев на два проекти, еден повеќе фокусиран кон front-end, а другиот кон back-end.

За front-end направив веб страница за Манчестер Јунитед и не ја изработив како што ја замислував. Не заради функционалностите, туку заради фактот што сакав да направам најверојатна веб страница со илјадници функции.

Може да се каже дека тоа беше преголем залак за мене, со оглед на моите програмерски вештини во тој период.

За back-end проектот работев на платформа за купување и продавање на продукти, во стилот на eBay. Оваа платформа работеше беспрекорно, бидејќи повеќе се фокусирав на фукнционалноста, а не на обемноста на проектот.

Интересно беше тоа што кога почнавме да учиме back-end, нештата почнаа да ми се поклопуваат и целиот концепт на програмирањето ми стана јасен. Back-end програмирање беше клучниот дел што ме натера да ги дознаам сите работи во целост.



Сметаш ли дека вредеше целиот вложен труд?


Апсолутно! За човек како мене што сака да го прави ова, едноставно не може да не вреди овој труд.

Да научам да програмирам е една од најдобрите работи што ги направив во мојот живот, особено преку Code Academy.

Треба многу труд, време и енегрија за да станеш успешен и да имаш висока плата. Нештата не се едноставни и треба целосно фокусирање на оваа професија. Ако тоа го направиш, сè ќе дојде во свое време.



Каде се гледаш себеси за 10 години од сега?


Сакам и понатаму да се надоградувам и да станам ментор во Code Academy.

Исто така, сакам да имам барем еден проект поврзан со видео игри позади мене.

Ти благодариме Зоки и ти посакуваме сè најдобро!

Те интересира повеќе за Академиите во Code Academy? Закажи разговор со нашиот кариерен тим на: