RUBY ON RAILS - ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ И НАЈДЕФИЦИТАРНИТЕ ПРОГРАМСКИ ЈАЗИЦИ - Code Academy
RUBY ON RAILS - ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ И НАЈДЕФИЦИТАРНИТЕ ПРОГРАМСКИ ЈАЗИЦИ

Денес се чини дека Ruby on Rails е „одвоен јазик“ и почнува се повеќе да се усвојува од страна на развивачите на врвните компании за развој на апликации кои се маѓепсани од неговата флексибилност и леснотијата на пристап. Се чини дека сè е дизајнирано за да заштеди време на програмерите и да ја оптимизира продуктивноста.

Запознај го менторот Бранко Арнаудовски – Senior Ruby on Rails developer кој е креаторот на целиот курс и програма за создавање на идните Ruby on Rails МАСТЕРИ.

За потребите на SLICE MK, а во продукција на Code Academy Macedonia:

Code Academy Macedonia во претстојниот месец врши уписи за група од 20 студенти за Ruby on Rails Junior Developers во времетраење од шест месеци, а за најдобрите од нив, по завршување на шест месечниот курс се отвараат можности за пракси и/или вработувања во SLICE MK, откако успешно ќе се помине процесот на селекција.

Кои се SLICE MK?

SLICE MK е еден од најголемите работодавачи во Македонија во последните неколку години и еден од најголемите поддржувачи на хуманитарни настани, а воедно и главен организатор на IT4charity- настан за собирање на донации за потребите на СОС детското село.

Помеѓу еден од секторите во SLICE MK спаѓа и IT секторот со најголема потреба за проширување на тимовите во престојната 2020 година.

Мисијата на ИТ тимот на SLICE MK е да ги искористи и промовира најдобрите технолошки практики задоволувајќи ги локалните и глобалните потреби на компанијата во кои влегуваат услугите, иницијативите и проектите.

Да се биде дел од тимот на SLICE MK е вистински предизвик бидејќи нуди одлични услови за работа на своите вработени и истите постојано ги мотивира, обучува и стипендира.

Разгледајте ги специфичностите и како да започнеш со учење на Ruby on Rails?

  1. Ruby on Rails e дизајниран за да ти го олесни животот. Неговата филозофија се заснова на ,, немој да се повторуваш’’ и Конвенцијата за конфигурација. Целта не е непотребно да се повтори кодот повторно и повторно или пак да се грижиш за секој мал детал во врска со бесконечни датотеки за конфигурација.
  2. Ти овозможува да го кодираш она што е специфично за твојата апликација, оставајќи други тривијални работи и аспекти на конфигурација во рацете на самата рамка. Ruby обезбедува работен тек за совршено структурирање на твојот код.
  3. Ruby on Rails е најдобрата опција ако сакаш брзо и со многу малку напор да создадеш апликации или REST услуги, отколку со други рамки или технологии. Тој е еден од најкомплетните и практични јазици за развој на веб-апликации.
  4. Ruby on Rails е еден од 10-те програмски јазици кои се барани од страна на највисоките компании за развој и е еден од 20-те најпопуларни програмски јазици во светот.