Java: Сè што треба знаеш за помалку од 5 минути - Code Academy
Java: Сè што треба знаеш за помалку од 5 минути

Java е еден од подинамичните програмски јазици во светот, бидејќи постојано се развива и подобрува. 


Како еден од најпопуларните програмски јазици во светот, тој е дизајниран за да биде лесен за користење и разбирање, и ја контролира серверската страна, односно back-end-от.


Преку Java можеш да изградиш сè што ќе наумиш, од андроид до веб апликации.


Преку оваа статија, ќе дознаеш:


- Дали е Java лесен за изучување?


- Што може да се изгради преку Java?


- Колкава е потребата од Full-Stack Java програмери?


- Зошто е Јаva популарен?


- Како да станеш Full-Stack Java програмер без никакво предзнаење?


Да започнеме.


Дали е Java лесен за учење?


Според повеќе истражувања, Java е еден од полесните програмски јазици во светот.

Кодот напишан во Java е лесен за разбирање, како и за “troubleshooting”. Поради фактот што овој програмски јазик е object-oriented, целиот софтверски дизајн е многу поедноставен и го дели целиот процес на мали сегменти, кои се лесни за менаџирање и процесирање.

Оние bugs кои често се појавуваат во C, C++, и други програмски јазици, се ретки во Java.

Врз сè ова, овој програмски јазик нуди функција наречена Java objects, преку која програмерот може да превземе често користен код, наместо да го пишува истиот повеќе пати.



Што може да се изгради преку Java?


Преку кодирање во Java, можеш да изградиш:


Андроид апликации

Иако постојат други начини како да изградиш андроид апликации, повеќето се креирани преку Java, и користат Android API од Google. Па дури и програмскиот јазик Kotlin црпи инспирација од Java.


Веб апликации

Уште еден популарен начин за користење на овој програмски јазик е креирање на веб апликации. Многу организации во различни индустрии (здравство, осигурување, образование, итн) ги креираат своите апликации со помош на Java. Најдобар пример за ова се Gmail, Trivago, Yelp и Slack.


Нашите ментори и студенти го користат Slack, како најсигурна и најефективна форма на комуникација.


Софтверски алатки

Java игра клучна улога во софтверската индустрија, бидејќи многу користни алатки се напишани и развиени токму во Java. Најдобри примери за вакви софтверски алатки се: Eclipse, NetBeans, Intellij IDEA, итн.


Технички и стручни апликации

Java е најпопуларната опција за креирање на ваков тип на апликации, вклучувајќи и апликации за NLP (процесирање на природни јазици). Главна причина за ова е фактот што Java практикува оддржување на високо ниво на безбедност, како и тоа што нуди многу корисни алатки.



Уште една причина зошто да научиш да програмираш во овој програмски јазик e фактот што многу интернационални платформи како Netflix, Google, Amazon, Apple и многу други, го користат Java.



Колкава е потребата од Full-Stack Java програмери?


Според статистиката, 60,000 нови работни позиции за Full-Stack Java програмери биле отворени претходната година и тој тренд останува ист во текот на оваа година.

Од аспект на платата, Full-Stack Java програмер се една од највисоко платените професии во нашата земја, со просечна плата над 1,100 евра. Додека пак, според Glassdoor, просечната месечна плата на еден ваков тип на програмер е 6,000 евра, на светско ниво.


Со вакви податоци, не е зачудувачки фактот што многу луѓе одлучуваат токму да ја запознат својата нова кариера со Java.



Зошто е Java популарен?


Една од најбитните причини зошто Java е популарен е токму затоа што е platform-independent. Тоа значи дека програмите креирани преку Java можат да работат на различни комјутери со различни оперативни системи (но и мобилни телефони), доколку имаат JVM (Java Virtual Machine). Ова наједноставно може опише преку следнава слика:



Поради фактот што овој програмски јазик е достапен повеќе од 2 декади, едни од најголемите огранизации и институции во светот се изградени токму со помош на овој јазик, меѓу кои банки, осигурителни компании, стартапи, итн.



Бидејќи овој јазик е толку битен за оддржување и надоградување на многу компании со различни големини или во различнаи индустрии, Java ќе остане популарен и во иднина.



Како да станеш Full-Stack Java програмер без никакво предзнаење?


Моментално, Code Academy врши уписи за единствената Full-Stack Java Академија во Македонија.

Оваа Академија, како и сите други, се дизајнирани за почетници без никакво предзнаење, сè со цел да станеш Full-Stack програмер за само 6 месеци.

За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.

Се читаме во следната статија.