Студенти од Code Academy креираат 2 апликации за EVN - Code Academy
Студенти од Code Academy креираат 2 апликации за EVN

Можеби за некоj е тешко да поверува дека може да се изгради мобилна апликација со помалку од 6 месеци Академија за програмирање, но студентите од Code Academy го докажаа токму спротивното. 


Благодарение на квалитетната едукативна програма, експертизата на менторите Коста Цинцароски и Елведин Селимоски, но и поддршката на најголемата енергетска компанија во Македонија - EVN, студентите моментално градат 2 мобилни апликации за потребите на оваа компанија.


Двете групи од Full-Stack Android Академијата во склоп на Code Academy, креираат 2 различни апликации, наменети за промовирање на “Матка Изложбен Центар”.


Според менторите, студентите докажаа дека се храбри и способни да развиваат големи проекти како овој. Тие се трудољубиви, како и со врвна стручност, посветеност и упорност.


Една од најинтересните и најновитe функции коишто се додадени на овие апликации е скенирање на QR кодови.


“Идејата позади оваа функција е да се постават QR кодови пред секој експонат во изложбениот центар на Матка. Корисниците преку оваа апликација можат да го скенираат кодот и притоа да добијат кратка аудио презентација за него на македонски или англиски” - објасни Коста Цинцароски.


Оваа соработка е пример и инспирација за сите идни програмери, за оние без никакво претходно предзнаење, да продолжат да веруваат во себеси, да не се откажуваат и да работат напорно на нивните соништа. Бидејќи на крајот, секој напорен труд вреди.


Моментално, Code Academy врши уписи за единствената Full-Stack Java Академија, за повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.



Code Academy им се заблагодарува на нивните врвни ментори кои го проследуваат и имаа најголем удел во развојот на проектите како и самите студенти, во идни Full-Stack Андроид програмери.


И уште еднаш, честитки за континуираната вложеност во проектот и напорната работа на студентите на Full-Stack Андроид Академијата.


Наскоро ќе бидат објавени апликациите, заедно со избирање на победник од двете верзии, од страна на EVN. Stay tuned.