Креира веб страница за неговото училиште, а 3 компании го чекаат да ја заврши Академијата - Code Academy
Креира веб страница за неговото училиште, а 3 компании го чекаат да ја заврши Академијата

“Уште кога бев мал одлучив да се преквалификувам на пазарот на трудот, што поскоро да се осамостојам и патувам низ целиот свет”, објасни Александар Богатинов, додека ја разкажуваше неговата приказна.


Аце, 17 годишен дечко кој учи во СЕТУГС “Михајло Пупин”, е редок пример за амбициозен млад човек кој решил да ја превземе својата иднина во свои раце и да се придружи на растечкиот дигитален свет, кој постојано еволуира.



Кажи ни нешто повеќе за тебе


Пораснав во средина каде што амбицијата се исмејуваше. Иако многу други деца во Богданци не можеа да ме разберат, јас продолжив напред со потполна храброст кон целта да креирам нешто што ќе остане запаметено во историјата.


За моја среќа имав поддршка од моите родители, кои ме бодрат во сè што ќе одлучам да правам.



Како слушна за Code Academy?


Додека правев истражување на сите Академии, случајно налетав на една реклама за Code Academy, и баш сакав да видам каква програма имаат и кои им се ментори. Направив една табела со “pros & cons”, а Code Academy ми беше на врвот.


Мојот брат ми помогна при селекција и благодарение на неговиот совет, го избрав токму Code Academy поради многу различни фактори (меѓу кои и квалитетот на менторите и целокупната програма).



Што и каков финален проект ќе направиш во Code Academy?


Првичната желба ми беше да изградам некоја игра како Minecraft, но како што созревав почнав да размислувам на нешто поконкретно.


Планирам да изградам целосно функционална веб апликација за компанијата во која работи татко ми. Таа организација се занимава со пчеларство, и мојата цел е да им помогнам да се постават како лидери на интернационалниот пазар.

Уписите за Full-Stack Java Академијата се во тек!      
Аплицирај тука

Иако тие веќе имаат веб страница, таа е статична односно има само код во front-end (HTML и CSS), нуди основни информации, но не и оние за продажба. 


Заедно со back-end, сакам да креирам и ценовник заедно со сите производи кои моментално се нудат. Корисниците ќе можат да разгледуваат и да купуваат онлајн, директно преку продавницата.



Зошто баш одлучи да станеш Full-Stack програмер?


Најмногу поради пасијата која ми се разви додека почнав да учам на Академијата за програмирање и сите можности што тоа може да ми отвори.


А исто така, дел беше поради фактот што има многу можности за вработување, како и работење било кога и било каде. 


Едноставно ја обожавам идејата дека можам да имам одлична плата и да работам на некоја плажа на некој егзотичен остров.


Уште една идеја што ја имав беше да направиме мини-компанија со тројца другари и да работиме на Freelance платформи. Двајца ќе работат на маркетинг, третиот на лого дизајн, а јас ќе бидам програмерот.


Се надевам дека ќе успеам да ја реализирам оваа идеја во следните неколку месеци, откако ќе завршам со Академијата.



На каков проект работиш моментално?


Моментално работам на веб страница за средното училиште во кое учам сега. Имаат потреба од статична платформа (само со код во front-end), и преку неа да го промовираат училиштето на целата земја.


Препознаа во мене талент за програмирање и ми внесоа дополнителна самодоверба дека навистина можам да изградам сè што ќе наумам.



Како изгледаат твоите планови после Академијата?


Уште во текот на моето студирање на Code Academy, неколку компании ме исконтактираа, и 3 од нив рекоа дека едвај чекаат да ја завршам Академијата за да работам за нив.



Дали имаш некоја препорака за оние кои размислуваат да станат програмери?


Јас сум одличен пример дека било кој може да биде програмер. Без искуство и предзнаење стигнав до фаза во која можам да изградам одлична веб апликација од нула.


Keep up the great work Аце! :D


Моментално, Code Academy врши уписи за единствената Full-Stack Java Академија во Македонија.


За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.