Code Academy ја развива првата Коронавирус мапа за Македонија - Code Academy
Code Academy ја развива првата Коронавирус мапа за Македонија

Во склоп на моментална ситуација во нашата земја со вирусот COVID-19, студентите од Code Academу одлучија да направат веб апликации, преку кои граѓаните ќе можат да ги следат најновите податоци.


Пoд менторство од Кире Коцев, Тони Накевски и Јоргос Ламбринидис, студентите беа поделени во 6 групи (по тројца во група со еден тим лидер).


“Бидејќи 2 недели нашите студенти ќе бидат дома, одлучивме да им дадеме предизвик за да креираат веб апликација поврзана со COVID-19. Преку оваа домашна задача, студентите ќе дознаат подетално како се работи како freelance од дома, како да се координираат со останатите членови на групата, како и да креираат нешто што ќе помогне на подобрување на сегашната ситуација”, објасни Кире Коцев.


Идејата е да им се понуди на различни видови на корисници да внесуваат податоци во врска со овој вирус (како доктори поединци или здравствени установи), сè со цел да се оддржуваат најновите податоци во нашата земја.


За да бидат најефективни овие податоци, истите треба да се што е можно попрецизни, во однос на возраста на заразените, место на живеење, пол, итн.


Откако доволно податоци ќе бидат внесени за одредено подрачје, ќе бидат достапни и графикони и табели.


Стуктурата за овие апликации е флексибилна. Тоа значи дека студентите сами можат да одлучат со какво решение ќе стигнат до крајниот резултат, а тоа е да се креира веб апликација која било кој може да ја користи и да се информира за тоа кои региони, градови и општини се повеќе и кои помалку ризични.



Code Academy ги охрабрува своите студенти да продолжат да работат на овој проект, но и сите граѓани да останат смирени во ваков период.



Технологијата може да ни биде алатка за подобрување на животот. Да ја искористиме!



Целосните верзии од апликациите ќе бидат достапни за јавна употреба во најскоро време. Stay tuned.