36% Од младите во Европа одбрале Freelance работна позиција: еве зошто - Code Academy
36% Од младите во Европа одбрале Freelance работна позиција: еве зошто

Како што еволуира технологијата, така еволуираат и работните позиции. Во денешно време, во споредба со минатото, постојат многу повеќе можности за полесен и поефективен начин на работење, и тоа било каде и било кога, како freelancer.


Оваа можност укажува на фактот дека само ти е потребен лаптоп и само дисциплина за работа преку интернет.


Особено во ваков период во нашата земја, работа од дома се чини како единствен начин за заработување на добри приходи преку интересна и флексибилна професија.


Еве уште неколку причини зошто да станеш freelancer.



Работa од дома (или било каде во светот)


Работа како freelancer е одличен начин како да се баласира твојот приватен и професионален живот, преку кој можеш да заработуваш добри приходи. Работа од дома и создавање на удобен начин на живот е целосно возможна опција достапна до сите, особено за програмерите.


На пример, како freelancer една недела можеш да работиш од дома, а следна недела од хотел во Египет или од некој ресторан во Тајланд. Ова е една од главните причини зошто некои луѓе одлулуваат да бидат freelancer-и.



Подобра плата


Работа на freelance платформи ти нуди поголеми можности и во однос на приходите. Со самиот факт што бројот на клиенти е поголем, ти дава повеќе избор за која компанија и за кој проект сакаш да работиш.


А тоа уште повеќе се истакнува за full-stack програмери, со тоа што просечната саатница се движи од $61 до $80.



Помалку трошоци


Од основни трошоци до оние за осигурување, нормално функционирање на еден бизнис е некогаш многу скапо. И доколку профитот не е доволно голем, компанијата ќе прекине да функционира.


Хонорарци (freelancer-и) пак од друга страна немаат никакви дополнителни трошоци, бидејќи потребно е само лаптоп, добар интеренет и бесплатно регистрација на една од многуте freelance платформи. 



Поголема слобода


Хонорарците најчесто немаат склучено фиксен договор со нивните работодавци, и тоа им дава повеќе слобода да ја напуштат работната позиција било кога, доколку не им се допаѓаат условите за работа, или пак сакаат да најдат подобра работа.


Поголема слобода дава и самиот факт дека еден freelancer не е обврзан да работи од едно место (како канцеларија), ниту пак по одредено работно време. 


Уписите за Full-Stack Java Академијата се во тек!
Аплицирај тука


Подинамично


За разлика од поголеми и традиционални фирми, за кои се потребни одредени правила и регулации за отпочнување на некој процес кој може да трае со денови или недели, freelancer-от едноставно прави истражување, формира тим (доколку е потребно) и веднаш почнува со реализација на истиот.


Исто така, freelancer-ите се навикнати на динамични ситуации. Доколку еден проект е стопиран или пак нe го постигнува очекуваниот резулатат, тој/таа може веднаш да почне нешто ново уште од утре, а не следната година.



Учење преку работа


За разлика од некои индустрии и професии во кои се извршува истата работа 20 години, еден хонорарец може да менува работа секоја недела. Клучот за било кој да стане успешен во овој метод на работа е да се специјализира во една сфера, но да има доволно познавање во други за лесна транзиција.


На пример, како Full-Stack програмер треба да имаш познавање и од UX/UI, односно да креираш апликација или платформа со крајниот корисник на ум.



Пофлексибилно работно време


Како freelancer, можеш да го организираш своето работно време, на твој начин. Тоа значи дека можеш да работиш и на други проекти истовремено, доколку ги исполниш сите работни обврски. Тоа е одличен начин за заработување на дополнителни проходи.



Континуирано подобрување и работа на повеќе проекти во исто време


Работа од дома се разликува од работа за традиционални компании по тоа што хонорарците работат сами за себе на повеќе проекти или компании. Тоа значи дека тие континуирано се подобруваат преку едукација, зголемување на нивната мрежа на познанства и работат напорно да стекнат нови вештини кои ќе ги истакне нив врз конкуренцијата.


Stack Overflow е вистинската платформа која треба да ја разгледаш доколку сакаш континуирано да се подобруваш како full-stack програмер.



Заклучок


За работа од дома се потребни само три елементи: добар лаптоп, брз интернет и напорна работа. Врз овие три столба се гради интересна, флексибилна, динамична и високо платена програмерска кариера.


Од можност за работа било каде и било кога до поголема слобода во работењето, начинот за заработување на full-stack програмер се практично бесконечни. Тоа што треба да се истакне е дека многу е битно да ја имаш вештината на кодирање во твои раце. 


За таа цел, формиравме повеќе Академии, без разлика на тоа кој програмски јазик најмногу те интересира, сè со цел да бидеш дел од оваа високо платената заедница на програмери, за само 6 месеци.


Крајната цел на Code Academy е да ти помогне да изградиш успешна кариера во ИТ светот.


Твојот пат започнува со само еден клик.