10 Совети побрзо да научиш на програмираш од дома - Code Academy
10 Совети побрзо да научиш на програмираш од дома

Без разлика на тоа дали си студент на ФИНКИ или размислуваш да се запишеш на некоја од нашите Академии, програмирањето е сложена вештина. Но, доколку го превземеш вистинскиот пристап, можеш да станеш гуру.


Со помош на овие 10 совети, многу полесно ќе научиш да програмираш.


Да започеме.



Научи ги основите и придржувај се кон нив


Студентите на нашите Академии почнуваат со изучување на основите на програмирањето, бидејќи тие се клучни за разбирање на целиот концепт на оваа вештина.


Често студентите кои темелно не ги изучуваат основите, имаа потешкотии во разбирање на покомплексниот материјал, како на пример back-end програмирањето.


Доколку размислуваш на прескокнување на првите неколку предавање, имај на ум дека тие се едни од најважните за твојот успех.



Правилно менаџирај со твоето време и способности


Како што веќе објаснивме, процесот да научиш да програмираш е комплексен.


Затоа е препорачуваме на почетокот (кога ги учиш основите) да не се форсираш на тоа колку време поминуваш пред комјутерот.


А како да стигнеш до стадиум на кој можеш брзо да учиш да програмираш и да не се откажеш? Многу е едноставно.


На почетокот повеќе цели кон 30 миниту до 2 час во денот. По првата недела можеш постепено да го зголемуваш додека не стигнеш до оптималниот број на часови во текот на денот.



Рачно кодирај, на лист хартија


За навистина да ја совладаш оваа вештина, не е доволно само да посетуваш предавања, читаш книги и играш кодерски игри.


Затоа, исто така препорачуваме и рачно да го пишувај твојот, бидејќи кодирање на лист хартија е еден од најефективните начини за побрзо да научиш да програмираш.


Ваквиот начин на кодирање бара прецизност, внимание и не нуди помош како кодирање во Sublime Text.


Иако кодирање во тетратка е бавен процес, сепак ќе ти помогне да ја совладаш вештината на програмирањето, преку фокусирање на основите и градејќи на нив.



Играј програмерски игри


Кодирањето може да се смета за забавна и едукативна активност. Една од идеите за да се направи програмирањето поинтересно се токму програмерските игри.


На оваа тема веќе имаме статија, која можеш да ја прочиташ тука.


Ваков тип на игри нудат интеративен начин за да го продлабочиш твоето знаење за одреден програмски јазик.


Најдобар пример за ова се CodeCombat и CodinGame.



Барај помош од твоите колеги


Не се плаши да побараш помош од твоите колеги или ментор. Нивната помош и совет значително ќе ти помогне да ги превземеш програмерските вештини во твои раце, на вистински начин.


Природно е да заглавиш на некој дел од твојот код и секогаш е подобро доколку некој од страна го разгледа објективно.


И покрај моменталната ситуација, можеш да побараш помош од твојот ментор или колеги на Slack или преку видео повик.



Stack Overflow е твојот најдобар пријател


Современата технологија го направи процесот на поставување прашања и нивно одговарање многу едноставен.


Без разлика на тоа со кој дел од кодот имаш потешкотии и колку е комплициран проблемот, Stack Overflow е тука за тебе.


Оваа платформа постојано се зголемува и надоградува. Доколку имаш некаков проблем со кодот, веројатно ќе го најдеш решението на Stack Overflow.



Континуирано работи на твоите домашни задачи и проекти


Иако теоретското учење е одлично, сепак нема да се надоградуваш себеси како иден full-stack програмер доколку не вежбаш самостојно.


Постојано вежбање и работење на твоите проекти и домашни задачи ќе ти помогне полесно да го осознаеш целиот концепт на програмирањето.


Врвните програмери најчесто имаат рутина по која се водат и во која влучува континурано работа на проекти. Токму затоа се успешни.



Не го споредувај твојот код со останатите колеги


Кога се фокусираш и се движиш кон твојата цел, пробај да не го споредуваш она што ти е стработено до сега со останати.


Тие можат да учат побрзо или поспоро од тебе, и тоа е сосема во ред.


Клучот за успехот е да работиш на твоите проекти и домашни задачи. Не се грижи за напредокот на останатите, туку гради го својот. 


Но сепак, не заборавај дека познанствата се многу битни во ИТ светот. Ова е една од најважните причини зошто се препорачува да научиш да програмираш во Академија, како и работа на реални проекти во групи, интеракција со менторот и останатите студенти, итн.



Прави чести и кратки паузи


Често ќе се случува да заглавиш на некој проблем подолго време без да знаеш дали ќе го пронајдеш решението за него.


Затоа се потребни почести и кратки паузи за да ја оддржиш концентрацијата.


Нашите студенти истакнаа дека честите (но кратки) паузи значително им го зголемува нивниот фокус.


Исто така, ставање на твојот мозокот на “chill mode” ти овозможува да кодираш (ефективно) за подолг период во текот на денот.



Читај книги за програмирањето


И покрај предавањата, самостојното вежбање и користењето на Stack Overflow, добра идеја е и да читаш литература поврзана со ова поле.


Општите книги за програмирњето ќе ти помогнат да го разбереш целиот концепт. Исто така, преку нив ќе можеш да ги видиш разликите и сличностите на програмските јазици во светот.


Многу бесплатни е-книги се достапни околу програмирањето и преку нив можеш да осознаеш многу повеќе за оваа вештина и да ги продлабочиш твоите знаења.


Доколку веќе присуствуваш на предавања на некоја од нашите Академии, читање на книги околку програмирањето ќе ти помогнат дополнително да се усовршиш и да се доближиш кон целта на станување full-stack програмер.



Заклучок


Од учење на основите, до континуирано подобрување, овие 10 совети ќе ти помогнат побрзо да научиш да програмираш од дома.


Но најбитното нешто е храброст. Очекувај дека нема да успееш од прв обид и биди трпелив/а кога се работи за твојот напредок.


Бидејќи, за да станеш врвен и високо платен full-stack програмер, потребни е многу напорна работа и упорност.


И доколку постојат сомнежи во твојата глава за оваа кариера, запамти дека сите програмери го поминале истиот пат.


Без разлика на тоа дали моментално посетуваш некоја од нашите Академии или сè уште мислиш да се запишеш, имај на ум дека единственото нешто што ќе те втурне кон успехот се квалитетот на менторите и предавања, твојата работна навика и храброст.


И доколку ги поседуваш овие карактеристики, тогаш Code Academy е вистинскиот избор за тебе.


Нашите Академии се креирани од експерти, сè со цел да ти помогнат да станеш full-stack програмер за само 7 месеци.


АПЛИЦИРАЈ СЕГА (трае само 40 секунди) и нашите експерти ќе ти помогнат да го најдеш вистинското решение за тебе.