Се гледам себеси како програмер, а не како архитект - Code Academy
Се гледам себеси како програмер, а не како архитект

“Иако работам во градежна фирма и студирам на машински, мојот сон е да станам програмер и патувам низ светот.” објасни Андреј Костов, додека ја разкажуваше неговата приказна.


Андреј, 23 годишен дечко кој студира на машинскиот факултет во Скопје, е пример за амбициозен млад човек кој секојдневно цели кон својот сон, а тоа е да стане високо платен програмер.


Како слушна за Code Academy?


За Code Academy најпрво слушнав на Инстаграм преку реклама. Се заинтересирав за Aкадемиите, се консултирав со пријатели и пријателки кои се веќе студенти во Code Academy, во врска со програмите, стручноста на менторите и дали би ми препорачале да се пријавам и јас.


Зошто одлучи да станеш full-stack програмер?


Најпрво истражив дека платите се многу високи во оваа професија. Исто така, не постојат лимитации за тоа во која индустрија сакаш да работиш.


Луѓето со ваков тип на вештини се доста се барани и постојано можеш да се надоградуваш и да изучуваш нешто ново.


Кој јазик го изучуваш вo Code Academy и зошто?


Го изучувам Ruby on Rails во склоп на Code Academy. Конкретно овој програмски јазик бидејќи е уникатен, има доста слободни работни позиции и голема побарувачка за таков тип на програмери. 


Но, најмноу поради фактот што според мене Ruby on Raily Академијата го има најдобриот ментор, Бранко Арнаудовски.


Кој е твојот најголем предизвик додека програмираш?


Сите покомплекси задачи, бидејќи сè уште сме на почетокот на програмата и дека сè е ново. Но, овие предизвици ги сметам за позитивни бидејќи ме поттикнуваат уште повеќе да се посветам на програмирањето, дополнително да се едуцирам околу оваа вештина и да ги совладам. 



Како си задоволен од менторот и целокупниот тек на предавањата?


Презадоволен сум! Има прекрасна интеракција помеѓу нас и нашиот ментор Бранко. Доколку имам било какви прашања или нејаснотии, можам да се обратам кон него.


Според мене, Бранко е одличен ментор и ни ја објаснува материјата јасно и темелно.


Какво е твоето мислење на виртуелната училница?


Сметам дека виртуелната училница е позитивна бидејќи времето што го губев претходно за транспорт барање паркинг, сега можам да го користам за дополнително да се фокусирам на програмирањето. Исто така, целокупните трошоците се намалуваат.


И покрај тоа што сега присуствуваме онлајн на предавањата, интеракцијата и комуникацијата е иста со менторот и останатите студенти. Кога би ги споредил двата видови на училница, не би можел да најдам разлика од овој аскепт.


Според тебе, кои предности ги има виртуелната училница?


Едноставно што сум дома и можам да се чувствувам опуштено. Буквално можам од кревет да ги пратам предавањата и навистина да се фокусирам на програмирањето.



Како изгледа еден твој типичен работен ден?


Најчесто станувам рано (околу 6 часот) и денот го започнувам со кафе и читање на 20-30 страници од мојата омилена книга, чисто додека се расонам. 


Мојата нова утринска рутина сега инволвира и пишување или разгледување на кодот од претходните предавања. На работа сум од 9 до 16 часот, па потоа малку одмор и онлајн повик со моите другари, и потоа пак се враќам кодирање.


Некој би рекол дека тоа се многу активности во текот на еден ден, но секој дел од денот си го планирам да има причина и смисла за исполнување моите цели за иднината.



Што повеќе преферираш, виртуелната училница или предавања во живо?


Бидејќи имав искуство и со двата вида на предавање, дефинитивно би рекол дека повеќе приферирам витуелни предавања. Најмногу поради фактот што сум дома, се чувствувам опуштено, не мислам како да се облечам за предавањата, не мислам кога да излезам од дома за да стигнам на време или понекогаш да фатам автобус.


Буквално си викам “Еј, предавањето е за 5 минути, топ” го вклучувам лаптопот и одма почнувам со изучување.


Кои се твоите цели во однос на програмирањето?


Сакам континурано да се подобрувам и да станам Full-Stack програмер со повеќе години искуство позади мене.


Сакам да се втурнам во различни индустрии за да видам која најмногу ќе ме привлекува и да бидам познат по мојата работа и проектите на кој ќе работам.



Каде се гледаш себеси за 10 години од сега?


Како искусен Senior девелопер во некоја позната фирма, и истовремено да бидам ментор и да го споделам моето знаење со следните генерации.


Не планирам да застанам само на Ruby on Rails, сакам да изучам повеќе програмски јазици. Следни најатрактивни ми се Java и .NET.



Дали имаш некоја порака за оние кои се мислат да станат програмери?


Доколку сакаат да станат програмери, да се втурнат во тој процес, да не се двоумат и мислат за тоа какви можности за напредување и работа има оваа професија. Едноставно да го направат првиот чекор.


Побарувачката за програмерите постојано се зголемува, без разлика на тоа дали се работи за стартап или пак за голема компанија. 

 

Моментално, Code Academy врши уписи за iOS Академијата за програмирање за почетници.


За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.