6 Начини како да станеш freelancer дури и во најнесигурни времиња - Code Academy
6 Начини како да станеш freelancer дури и во најнесигурни времиња

И покрај стравот и паниката од моменталната глобална ситуација, постои работна позиција која не престанува да се зголемува. Професија која е сигурна и стабилна дури и во најтешките времиња, а тоа е програмирањето.


Тоа е поради фактот што речиси сите индустрии во светот веќе имаат потреба од програмери, без разлика на тоа дали се работи за едно копче или целосна веб страница.


Најважни причини зошто тоа е така е бидејќи програмерите имаат технички вештини и можат да работат на различни проекти истовремено.


Преку овие неколку постапки, ќе успееш да го живееш својот живот како freelancer, било каде во светот.



Бројките зборат сами за себе


Бројот на активни проекти кои моментално бараат програмери е навистина неверојатен.


Резултати од upwork.com:




Резултати од fiverr.com:



Откриj кои се твоите способности


Размисли околу тоа кои работи највеќе те интересираат. Дали те интересираат бои, разни дизајни и облици? Или можеби уживаш во наоѓање на креативни решенија на проблеми? Ова ќе ти помогне кон што повеќе да се насочиш како програмер.


Следниот чекор кон твојот пат кон станување на фриленсер е да научиш да програмираш. Академиите за програмирање на Code Academy се дизајнирани за почетници и за пола година стануваат програмери. Многу студенти почнуваат да профитираат од фриленс проекти од дома дури и пред и да ја завршат Академијата.


Доколку размислуваш во оваа насока, уписите за нашите Full-Stack Java и Front-End Академии се во тек. За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.



Направи профил на повеќе freelance платформи


Имај на ум дека не се работи за социјални мрежи како Facebook или Instagram. Направи ги твоите профили да изгледаат професионално и да ги истакнеш твоите претходни работни искуства и да го прикачиш твоето работно портфолио. 


Твоето портфолио игра главна улога кај работодавецот бидејќи ги прикажува твоите технички вештини како и на колку комплексни проекти си работел/работела. Академиите на Code Academy ставаат главен акцент на портфолиото, кој студентите го полнат со проектите кои ги градат во текот на 6-те месеци.


Важно е исто твојата профилна слика да изгледа професионално, и исто така има опција да ги внесеш твоите вештини (односно keywords) преку кои клиентите ќе можат да те најдат. Користењето на keywords низ целиот твој профил ќе им помогне работодавците да те најдат полесно.



Креирај интересно CV и прикачи го на твојот профил


Многу е важно да се покажеш себеси како freelancer кој е професионален и со високо ниво на технички вештини. Направи го твоето CV да биде визуелно примамливо, корисно и информативно.


Одличен пример за совршеното CV, можеш да најдеш преку ОВОЈ ЛИНК.


Најдобри платформи за креирање на бесплатно CV се:

-resume.com

-resume.io

-kickresume.com

-cvmkr.com

-cakeresume.com



Квалитет, а не квантитет


Откако ќе го поставиш твојот профил и ќе направиш неверојатно CV, следниот логичен чекор е да најдеш што е можно повеќе клиенти и да ја понудиш твојата експертиза, нели? Ова е најчесто погрешно.


Пробај да научиш што е можно повеќе за потребите на клиентот и за проектот, што точно се бара од твоја страна и да му предложиш идеја како може уште подобар да го направи. Откако ќе направиш темелно истражување, подготви краток документ преку кој ќе ги изложиш сите нешта преку кои ти можеш да допринесеш.


Една високо квалитетна понуда ја зголемува твојата шанса да го добиеш проектот, во споредба со 10 лоши.


Доколку се работи за проект на подолг временски период, можеш на почетокот да ги понудиш твоите услуги бесплатно. Секако ова нема да биде целиот проект, но ќе добиете шанса да се докажете. И тешко е некој да одбие ваква понуда. Со оваа постапка правиш неколку работи одеднаш:


- Клиентот веднаш ќе има повеќе доверба во тебе

- Ќе научиш како функционира целата компанија на клиентот

- Ќе ја зголемиш шансата да клиентот те препорача на останати потенцијални клиенти

- Но најбитно, ќе ја зголемиш шансата за да те ангажира за подолг период



Уживај во freelancer-скиот начин на живот


Слободата да одбереш кога, каде и како ќе работиш за некои луѓе е разлика помеѓу ден и ноќ, во споредба со традиционални работни позиции. 


Еден ден можеш да работиш од плажите на Куба, а друг ден после тренинг јога во Тајланд.


Заклучок


Сигурно ја прочита оваа статија и си мислиш “Нема шанси, кај е ова за мене. Едвај математика положив со препишување.”


Најдобрата работа околу нашите Академии е фактот што се дизајнирани од експерти да те претворат во сертифициран програмер и да работиш било каде во светот, без никакво предзнаење.


На самиот овој факт укажуваат нашите бројки, со повеќе од 300 дипломирани студенти кои го постигнале својот сон и ја работат професијата од нивните соништа.


Ти донеси го твојот ентузијазм, желба за учење нешто ново и различно. А ние ќе ги донесеме сите компоненти кои ќе те водат низ целиот процес.


Моментално, Code Academy врши уписи за втората Full-Stak Web Development (Java) група и за Front-End Development Академијата.


Твојот пат кон кариера од твоите соништа започнува со само еден клик.