Code Academy изгради бесплатна веб апликација за COVID-19 во Македонија - Code Academy
Code Academy изгради бесплатна веб апликација за COVID-19 во Македонија

После 3 недели интензивна работа, студентите од Full-Stack .NET групите на Code Academy ја изработија деталната веб апликација со сите најбитни информации за COVID-19.


Одлуката за да се изгради ваков тип на веб апликација во која ќе ги има сите информации околу најновите податоци во вистинско време за вирусот, бројот на случаеви, моменталниот полициски час, како и најновите објави од Владата, беше донесена неколку дена после официјалниот почеток на карантин во нашата земја.


Студентите самоиницијативно, под менторство на Кире Коцев, Тони Накевски и Јоргос Ламбринидис, одлучија да ги имплементираат своите ново стекнати вештини за ваков тип на значаен општествен проект за јавна употреба. Овие вештини ги имаат целосно стекнато во Академијата и повеќето од нив немаат претходно знаење во програмирање. 


“Ги поделивме групите да се фокусираат на различни апекти од овој процес. Ги охрабрив тимовите да го најдат решението до овој проблем на свој уникатен начин. Од сите тимови, 2 групи имаа позначајни решенија, а 1 од нив е live” објасни Кире Коцев.



Еве како изгледа desktop верзијата на веб апликацијата:




Како изгледа мобилната верзијата на веб апликацијата:



“Студентите од мојата група интензивно работеа на проектов повеќе од 3 недели. Тие беа поделени во тимови од 3ца, односно 6 групи. Иако сите проекти беа одлични, еден се истакна малку повеќе од другите. Тимот на Марко Анастасов, Кристијан Бојков и Јордан Мојсов ја изработија конечната верзија која е пуштена во употреба.” обајсни Тони Накевски.


“Идејата беше студентите да ги извежбаат нивните нови вештини кои ги стекнале во текот на Академијата. Иако ние ги менториравме во текот на проектот, целиот процес го правеа самите студенти, од пишување на првата линија код до прикачување на проектот на сервер” дополни Кире Коцев.



Веб апликацијата е бесплатна и можете да ја отворите преку следниот линк:
Линк до апликацијата


Голема благодарност до менторите, но најмногу до студентите на Code Academy, кои без никакво предзнаење и со само 4 месеци програмирање изградија ваква комплексна апликација.


We are extremely proud of you! Continue to do amazing things! :D