Зошто Asseco ме вработи мене од 100+ пријавени - Code Academy
Зошто Asseco ме вработи мене од 100+ пријавени

Научив да програмирам за да се вработам во една од најдобрите компании во нашата земја, објасни Стефан Анастасовски додека ја раскажуваше неговата приказна.



Кажи ни нешто повеќе за тебе


Јас сум Стефан, студент на Факултет за електротехника и информациски технологии, но мометално работам во Asseco SEE како програмер.


Мојата приказна е типична за сите студенти кои се мометално на факултет, но сакаат да започнат нешто ново и да стигнат до професијата којашто отсекогаш ја посакувале.



Како слушна за Code Academy?


Во периодот кога бев 4та година на факултет, имав потреба од нешто ново и возбудливо. Некаков предизвик преку кој ќе можам да научам да програмирам, континуирано да се подобрувам и да заработувам високи приходи.


И во тој период, видов реклама за Code Academy на Facebook и веднаш аплицирав.


Имав желба да навлезам што е можно повеќе во програмирањето, бидејќи јасно ми беше колку формалното образование може да ми помогне да го остварам својот сон.



Што те привлече да се запишеш?


Најмногу сакав да научам React, Node.js, и Python, а за вториот јазик се запишав на Code Academy.


Доколку имаше Академија со изучување на React во тој период , како што има сега, дефинитивно ќе се запишев за тоа.



Како изгледаше целиот процес на предавања, менторство и работа на проекти?


Најпрво ги изучивме основите односно HTML, CSS, JavaScript, па потоа се префрливме на покомплескни аспекти од програмирањето со Node.js и MySQL.


Целиот процес ми беше многу интересен, особено поради фактот што менторите ми помогнаа да се стекнам со програмерски вештини преку теоретска настава и практична работа. 


Вложија неверојатен труд за сите студенти да ги донесат на ниво на junior програмери, без разлика на нивното претходно познавање од програмирање.



Како успеа да ja избалансираш Академијата со факултетот?


Искрено, на почетокот ми беше тешко да ги избалансирам двете, бидејќи сакав да одам на предавања и навремено да ги полагам испитите, но и да кодирам секој ден барем по 2-3 часови. 


Позитивна страна беше што 2 месеци од Академијата ги имав во текот на летото, и можев целосно да се препуштам на програмирањето.



На какви проекти работеше во текот на Академијата?


Повеќе сакав да работам back-end, па затоа и таков тип на проекти најмногу ме влечеа. 


Конкретно проектот на кој многу време посветив беше за кабелски оператор, односно целосен систем за ефективно функционирање.


Проектот вклучуваше не само систем за наплата, туку и систем за евиденција на вработени и клиенти, склучени договори, како и генерирање на сметки.


Проектот беше прилично комплексен, но ми беше интересен предизвик. Имаше неколку ноќи без сон, додека не го завршив проектот.


Успеав да го направам за многу кратко време. Едноставно се препуштам целосно на кодирањето и често се случуваше да кодирам по 12-13 часови дневно.



На каков финален проект работеше во текот на Академијата?


Мојот финален проект во склоп на Code Academy го нареков “FitBox”. Тоа е амерички модел на претплата на некоја услуга или производ. 


Преку овој проект, корисниците можат да одберат колку пати неделно или месечно сакаат таа одредена услуга/производ да им биде доставена до нивниот дом.


Мојот проект конкретно беше за достава на кутии со сите состојки и инструкции за готвење на храна. Конкретно овој проект го одбрав бидејќи сакам да го инкорпорирам фитнесот и кодирањето.


Ваков тип на компанија или бизнис модел не сум забележал до сега кај нас, што дополнително ме инспирираше да креирам ваков проект.



Како изгледаше целиот процес после Академијта?


Откако дипломирав на Code Academy, веднаш го правив моето CV преку кое ги истакнав моите новостекнати програмерски вештини и проектите на кои сум работел во текот на Академијата.


HR менаџерот на Code Academy, Маријана Иловска, ми помогна да го направам одлично CV и да креирам профил на LinkedIn за да можам полесно да дојдам до најдобрите компании во нашата земја.


Исто така, Маријана ми помогна и да се подготвам за интервју и да развијам soft skills.


Аплицирав во неколку компании и скоро сите ме прифатија. Тоа ми даде дополнителна моќ да одберам за која компанија сакам да работам.


Од сите нив, знаев дека Asseco SEE е најдобрата и дека таму се гледам себеси како успешен програмер. Поминав 3 фази на интервјуа и потоа добив повик дека сум примен и дека почнувам со работа следната недела.


Тој ден беше еден од најдобрите денови во мојот живот!


За помалку од 2 месеци откако ја завршив Академијата, започнав со работа.



Според тебе, каков ефект има COVID-19 врз ИТ индустријата?


Искрено, сметам дека е одлично време да бидеш програмер. Конкретно во нашата компанија, поради пандемијата имаме многу повеќе работа од очекуваното. Токму и затоа последно време максимално се фокусирам на кодирањето.


Како е чувството да се работи од дома?


На почетокот ми беше чудно бидејќи имам само виртуелна интеракција со колегите, но со тек на време се навикнав. Но, добро е што и од дома можам да работам на 3 монитори и да имам целосна евиденција на тоа што сè случува со проектот.



Какво е твоето искуство со Аsseco за сега?


Знаев дека Asseco е голема компанија со одлична репутација. Конкретно Live by Asseco е веб платформа наменета за оптимизирање на контакт центри, овозможува подобрување на целиот CRM систем, како и полесна интеракција преку различни канали за комуникација.


Името на тимот е Customer Centric Solutions и искрено презадоволен сум за сега, бидејќи уште од почетокот ме поддржаа и ми помогнаа полесно да навлезам во функционирањето на компанијата.


Особено имам само пофални зборови за нашиот тим лидер Мартин Мицевски, кој иако не е програмер секогаш е тука да ни помогне и има совети кои ни ја зголемуваат ефикасноста при работење.


На некој начин добро е што Мартин нема програмерска позадина, бидејќи ни дава повеќе перспектива и објективен начин на гледање на некој проблем или пак на целокупниот проект.


Сите аспекти од нивната страна беа целносно исполните. Остана на мене да се докажам како посветен, организиран и континуирано да се надоградувам. Овие 3 карактеристики се клучни за просперирање во ИТ светот.


На каков проект работиш моментално во склоп на Asseco SEE?


Моментално работиме на оддржување и развој на апликација Live by Asseco која ги поврзува корисниците преку контакт центрите. Идејата е преку оваа апликација, агентите кои работат во контакт центрите да можат да ги дадат сите информации на корисниците од една апликација.


Кои се твоите цели со програмирањето?


Сакав да работам во една од најдобрите компании во Македонија и тоа и го постигнав.


Отсекогаш сакав да научам неколку различни програмски јазици. Моментално изучувам повеќе јазици бидејќи иако сакам да бидам експерт во еден, сакам да ја имам моќта да решавам проблеми во неколку.


Конкретно React и Node.js бидејќи ги имаат сите клучни алатки кои ми се потребни за работа. Имам можност да направам многу повеќе, за релативно кратко време.



Дали вредеше посветеното време на програмирањето?


Дефинитивно! Како што веќе наведов, дел од Академијата ја следев во текот на летото, додека сите останати беа на одмор.


Кога размислив, сфатив дека повеќе ми одговараше да научам да програмирам и да ја стигнам до мојата идеална професија за кратко време, па потоа да го патувам светот, отколку да одам на истото место секое лето.



Дали сакаш уште нешто да додадеш?


Благодарен сум на Code Academy бијдеќи ми даде можност да навлезам во програмирањето и ИТ светот за многу кратко време. Вештините кои ги научив токму преку Академијата ми овозможија да се вработам во една од најдобрите компании во нашата земја.


Дефинитивно препорачувам доколку некој сака да започне нова кариера како програмер, да се запише на Code Academy денес, без размислување!

Не е потребно претзнаење, и програмирањето е полесно од тоа што сите мислат.


Thank you, Stefan, and keep up the great work!