Еве како Александар ја започна својата ИТ кариера во Sorsix - Code Academy
Еве како Александар ја започна својата ИТ кариера во Sorsix

Како еден од најперспектните алумни на Андроид Академијата за програмирање за почетници, Александар Младеновски раскажа како го поминува процесот од студент на Code Academy до започнување на пракса во една од најдобрите ИТ компании во нашата земја.



Кажи ни нешто повеќе за тебе...


Пред да започнам со Академијата за Android Development, бев 2-ра година на ФИНКИ. Се почувствував како да ми беше потребна некаква промена со крајна цел да започнам со работа во ИТ компанија како програмер.



Дали сметаш дека имаше предност во знаење во однос на останатите студенти?


На почетокот на предавањата имав мала предност со тоа што имав познавање од Java, за разлика од многу други студенти на Code Academy кои немаа некакво предзнаење и се соочија со вистински предизвик уште од почетокот на студиите.



Дали таа разлика во знаења остана иста до крајот на студиите?


Таа се намали и целосно исчезна во текот на првите неколку недели од предавањата, со тоа што нашиот ментор Елведин Селимовски се погрижи да го постигнеме тоа.


Тој, според мене, е одличен ментор бидејќи навистина беше експерт и знаеше кој студент колку знае и соодветно на тоа ни даваше домашни, проекти и дополнителни материјали за да не предизвика да се подобруваме и да ги продлабочиме знаењата.




Како изгледаше процесот на учење програмирање?


На почетокот ги учевме основите на Java и Android а потоа се префрливме кон напредни концепти како што се "Design Patterns". Иако имав предзнаење, покомлексните аспекти од предавањата беа вистински предизвик и често се случуваше да кодирам (или пак да го барам некој bug) со часови.


Во текот на Академија постојано изработувавме проекти и домашни задачи, или во форма на мини-апликации или пак некои посложени функционалности во рамки на една апликација.



Кој проект што го изработи би го истакнал како најинтересен?


Иако гледајќи од аспект на проекти имавме многу интересни, веројатно еден од покомплесните и поинтересните беа апликациите кои ги изработивме во соработка со EVN, односно за Изложбениот Центар на Матка.



Каков финален проект изгради?


Како последен проект во склоп на Code Academy имавме можност да одбереме сами на што сакаме да работиме, што многу ми се допадна. Одбрав проект кој ми беше воедно и предизвикувачки но и интересен за кодирање.


Апликацијата која ја изградив беше во стилот на TypeRacer. Се пријавуваш онлајн на апликацијата и можеш веднаш да ја стартуваш играта.


Оној кој набрзо ќе го напише параграфот е победник, а сите податоци и резултати се искалкулирани во вистинско време.



Што најмногу ти се допадна додека студираше на Code Academy?


Секако предавањата, работата на проекти и генерално достапноста на менторите во било кое време. Но, најмногу би рекол целата атмосфера на млади и амбициозни луѓе кои се стремат да научат нова вештина, да променат кариера и генерално да го подобрат својот живот.


Особено ми се допадна фактот што таа атмосфера остана иста во текот на целата Академија.



Како изгледаше процесот на подготовка по Андроид Академијата?


Процесот беше темелен и запазив на сите детали, од креирање на интересно CV до подготовка за интервју. Искрено ова се ми беше ново, но не бев сам. За тоа сум благодарен сум на Code Academу, особено до HR консултантот на Академијата, Маријана Иловска. Таа постојано ме охрабруваше и ми укажуваше кои постапки треба да ги направам за успешно да поминам на интервјуата.


Со нејзина помош аплицирав во неколку компании во кои би се гледав себеси како иден програмер, и имав интервјуа со 2 ИТ компании кои сметав дека се едни од најдобрите. Откако го поминав процесот на интервјуа, започнав со пракса во една од нив, односно во Sorsix.


Позицијата се води како “Web Developer” и моментално дополнително се едуцираме за Front-End и Back-End технологиите кои ќе ни бидат потребни, од JavaScript до TypeScript и Kotlin.


Иако сум дел од оваа компанија кратко време, можам да кажам дека тие се навистина професионални, фирма со стручен кадар и ми помагаат полесно да се навикнам на новата работна средина.



Дали сакаш уште нешто да додадеш?


На моите другари па и на сите останати им препорачувам да се запишат на Академија за програмирање за почетници и да се стекнат со нови вештини, особено во ваков период и покрај моменталната ситуација.


Таа одлука да станеш програмер е многу полесна со оглед на тоа дека сега можеш да аплицираш за ваучер и да го искористиш истиот на Code Academy.


И за тие кои немаат предзнаење им препорачувам да аплицираат, бидејќи Академии се креирани за почетници. Па и кај мене во група повеќето студенти имаа различна професионална позадина и немаа предзнаење, но со тек на време ги стекнаа потребните вештини.


Уште еднаш, благодарност до Code Academy за укажаната можност и за тоа што беа покрај мене за време и по Андроид Академијата.



Thank you for your time, Aleksandar, and good luck! :D