Како ќе ја обучам идната генерација на успешни iOS програмери - Code Academy
Како ќе ја обучам идната генерација на успешни iOS програмери

“Работата на реални проекти е клучот за градење на успешен програмер”, истакна во интервјуто iOS менторот Дарко Спасовски. Разговаравме за неговото претходно искуство, најголемите предизвици со кои Дарко се соочил, како и sneak peek за iOS Академијата.



Зошто се одлучи баш за iOS Swift програмирање?


За мојот избор да “падне” баш на iOS Swift програмирање мислам дека најмногу имаше влијание тоа што ги сметам Apple за една од најдобрите компании во светот. Особено ми се допадна фактот дека имаат “close community”.


Мојата љубов кон овој бренд започна уште од мојата младост кога го купив мојот прв iPod. Набрзо потоа го купив и мојот прв Macbook со што ми се отвори можноста да стартувам со изучување на iOS Swift. Започнав курс за iOS програмирање пред 8 години, каде што се истакнав како еден од најдобрите студенти и набрзо потоа имав можност да започнам со работа како iOS програмер. 



Каде работиш моментално?


Последните две години работам како freelancer на TopTal. ТopTal е платформа каде што клиентите се поврзуваат со најдобрите freelancer-и во светот со цел да бидат реализирани проекти односно софтвери и апликации од кои клиентите имаат потреба.



Кажи ни нешто повеќе за iOS Академијата...


Поминав прилично многу време да ја креирам програмата (истата можете да ја погледнете тука: https://codeacademy.mk/ios-academy) и да опфатам што е можно повеќе аспекти, сè со цел студентите да започнат со минимални предзнаења и да успеат да стигнат до нивото iOS Swift Junior програмери.


Програмата може да ја разгледате на сајтот, но дефинитивно сакам да ставам акцент на проектите на кои ќе работат студентите, бидејќи верувам дека најмногу се учи преку практична примена на програмските јазици.



Какви проекти ќе изработуваат студентите во текот на Академијата?


Во склоп на програмата вклучив и изработка на 5 проекти, односно iPhone апликации.

Дополнително, најдобрите студенти ќе бидат селектирани за изработка на целосно функционална апликација за FoodGuru, благодарејќи на екслузивното партнерство кои тие го имаат со Code Academy. Апликацијата ќе биде прикачена на сервер и ќе биде користена секојдневно од стотици корисници нa апликацијата на Food Guru. Секако, студентите оваа апликација ќе можат ја додадат во нивното портфолио, заедно со останатите кои ќе ги изградат во текот на Академијата.



Колку ќе ти биде предизвик да научиш студент кој нема никакво претходно познавање од програмирање? 


Предизвикот да докажам дека секој може да стане програмер, а со тоа и да ја подготвам следната генерација на iOS Swift програмери, е токму една од причините зошто сакав да бидам дел од менторскиот тим на Code Academy. 


До сега, едуцирав двајца млади ентузијасти кои немаа претходни предзнаења, но успешно го постигнаа нивото на Intermediate iOS Swift програмери, иако имаа сосема друга професионална позадина. 


Тоа само укажува не само на моите знаења, туку и на моите способности да ги пренесам тие знаења. Сметам дека сум спремен да ја подготвам групата од 20 студенти во успешни iOS Swift програмери.



Колку е барана оваа професија кај нас? Дали ти добиваш многу понуди за работа?


Побарувачката за iOS програмери е навистина голема, не само во нашата земја туку и на светско ниво. Јас лично добивам понуди за работа на LinkedIn секојдневно.


Побарувачката е голема бидејќи има недостаток на ваков тип на програмери. Кај нас има стотина iOS програмери, од нив околу 50-тина работат во компании во земјава.


Тој недостаток на вакви програмери се должи на дополнителната инвестиција која треба да се направи, со купување на посебен Apple лаптоп, односно Macbook. Но, по завршување на Академијата, доколку студентите започнат со работа како junior iOS Swift програмери, инвестицијата ќе ја вратат за помалку од една година.



Според тебе кои се предностите/ слабостите со кои се соочува еден фриленсер?


Јас лично не можам да се пожалам од ваквиот тип на работа. Единствено нешто што можам да го истакнам како негативно е тоа што овој начин на работа нема доволно комуникација и директна социјализација со тимот и клиентите. Недостасува човечкиот фактор. Тоа е и една од причините зошто конкурирав за да станам дел од менторскиот тим на Code Academy, односно ментор на iOS Swift Академијата.


Можноста да бидам со млади ентузијасти кои решиле да го изучуваат овој програмски јазик, да споделувам знаење и да влијаам во тоа да се создадат следните успешни iOS Swift Junior програмери, за мене претставува огромна шанса и задоволство.



Дали има некој TopTal проект на кој си работел, кој би го истакнал како омилен?


Искрено немам некој омилен проект кој можам да го истакнам премногу во споредба со другите. Работев самостојно (или пак дел од тим) при градење на повеќе од 40-тина апликации. На сите посветив многу труд, внимание и едноставно уживав во целиот процес.


Иако постоеле и не толку предизвикувачки проекти, сепак мора максимално професионално да ги изработиш бидејќи од тоа зависи твојата репутација, односот со TopTal како и односот со потенцијални идни клиенти.



На каков тип на апликации си работел?


Работев (и сè уште работам) на апликации во различни категории, од “payment apps” до апликации за радио станици, cryptocurrency и chat апликации.


Уште од почетокот на мојата програмерска кариера сакав искуството да ми биде што е можно побогато, па затоа и бев дел од градење на многу разновидни апликации. На тој начин и подлабоко се запознавам со iOS и постојано учам нешто ново.


Морам да напоменам дека јас сум тип на човек што учи преку работа. На пример, не бев запознаен со специфичните функционалности на апликациите со локации, додека не започнав да работам на истите.


Затоа и ми се допадна идејата да стартувам како ментор во Code Academy Macedonia, бидејќи заедно со моите студенти, и јас продолжувам да учам преку работата на реални проекти кои ги предвидовме во самата програма.



Која апликација ти била најголем предизвик?


Во 2017 работев на апликација наречена “Weyan” која беше наменета за државата Нигерија. Целта на апликацијата е вршење на финансиска трансакција и на истата да има прикачено видео или слика (во стил на memory). Исто така, апликацијата имаше chat преку кој се појавуваше анимација со giftbox и таму беа прикачени сите детали. 


Од сите функционалности во апликацијата, најпредизвикувачки беше тоа што клиентот сакаше да има филтри и на сликите и на видеата, но да се имплементираат како на Instagram Story со влечење на прстот. Иако звучи едноставно, сепак да се повлече филтерот додека видеото се движи во позадина беше прилично комплексно.


Барав готов library за да се реши овој проблем лесно, но не постоеше и заради тоа инвестирав речиси три месеци за да креирам сопствен library што ќе ми овозможи мене но и на останатите програмери да го направат тоа многу лесно и многу побрзо. Овој проект би го истакнал како интересен бидејќи за прв пат дојдов во контакт со видео и аудио пермутации кои не ми беа познати дотогаш, но токму заради тоа и ми беа предизвикувачки.



Дали за крај би ни открил колку имаш заработено од проектите преку TopTal платформата?


Општо во мојата кариера како iOS Swift програмер започнав со плата од 300 евра, и за една година стигнав до плата од 1,000 евра. Последната плата која ја имав во наша компанија е 2,000 евра.


Додека пак на TopTal, започнав со 30 долари од час, и тоа постепено се зголеми на 40 долари на час, односно 6,800 долари месечно.



Thank you Darko & welcome to the Code Academy Family! За повеќе информации околу iOS Swift Академијата, кликнете овде.