Реалните проекти во Code Academy беа клучот за моето вработување - Code Academy
Реалните проекти во Code Academy беа клучот за моето вработување

Во нашето интервју со Сашо, 26-годишен програмер од Скопје, разговаравме за неговото искуство во склоп на Code Academy, како и процесот кој доведе да се вработи како junior .NET програмер во Matrix Global.



Кажи ни нешто повеќе за тебе…


Како многу други млади луѓе, така и јас не знаев која професија најмногу ме привлекува, а со тоа и кој факултет да одберам.


Откако завршив со средното образование, се запишав на факултет кој ми изгледаше како интересен, но по првиот семестар се откажав и започнав со работа како професионален фотограф. Иако оваа работа ми беше интересна, сепак ја гледав повеќе како хоби, а не нешто што би правел “full-time” во следните 40-50 години од мојот живот.


Не бев сигурен што точно ме привлекува, па почнав да правам истражување за сите можности, па така дојдов до можноста да станам програмер.



Зошто одлучи да станеш Full-Stack програмер?


Од прв поглед повеќе бев убеден дека кариера како QA тестер е вистинската професија за мене. Но во тој период започна и програмирањето да ме интересира. 


При селекција ми помогна и мојот брат, кој веќе беше дел од Академија за програмирање. Тој најмногу ми ги образложи сите предности кои програмирањето ги има во однос на останатите кариери. Затоа и јас решив да се втурнам во овие води и да научам да програмирам.


Искрено, немам специфична причина зошто сакам да бидам .NET програмер. Едноставно одлучив нема да губам време во размислување и ќе направам тој програмски јазик кој ќе го одберам да ми биде интересен.


Ми се допадна во програмирањето тоа што можам да изградам било каква веб апликација од почеток и фактот што побарувачката и приходите се високи за ваков тип на програмери.

Уписите за Full-Stack .NET Академијата се во тек!  
Аплицирај тука



Како слушна за Code Academy?


Додека размислував помеѓу програмирање и QA, на Instagram видов реклама за .NET Академијата. Можам да кажам дека тоа беше клучен фактор поради кој го одбрав програмирањето.


Аплицирав и по неколку дена ми се јави тимот да ми соопштат дека сум примен, а тоа дополнително ми поттикна самодоверба и мотивација за изучување програмирање. Кога ќе размислам за целиот процес, ги надмина сите мои очекувања.



Кој јазици го изучуваше вo Code Academy?


Главен програмски јазик на кој се фокусиравме беше C#, додека пак исто така и темелно навлеговме во JavaScript.



Кој беше твојот најголем предизвик додека програмираше?


Искрено бидејќи немав предзнаења, секој дел од програмата го чувствував како предизвик, но на позитивен начин.


Како најголем предизвик би го истакнал SQL бидејќи синтаксата беше сосема различна. Но, како и сите други предизвици, и овој успеав да го совладам со упорност и работа.



Дали имаше предзнаење во програмирање?


Буквално немав никакви предзнаења. Почнав од 0 и во однос на теоретскиот дел и во однос на практичниот дел.



Како си задоволен од менторот и целокупниот тек на предавањата?


Од страна на Академијата, организацијата беше одлична. А во однос на менторот, имам само пофални зборови. Иако немавме други ментори, можам да кажам дека Тони Накевски беше навистина стручен, професионален, знаеше како да ја пренесе материјата и генерално ни го направи процесот на изучување поедноставен.


Особено ми се допадна фактот што во секој момент ни беше достапен доколку имавме некои прашања, и посветуваше дополнителен труд за да можеме целосно да ја совладаме програмата.



Како се одвиваше процесот на вработување по Академијата?


Процесот по Академијата ми помина многу брзо, со оглед на тоа дека на првото место на кое аплицирав и се вработив. Маријана Иловска, HR консултантот на Академијата, ми помогна при градење на професионално резиме и преку совети за како успешно да ги поминам интервјуата.



Каде и што работиш моментално?


Иако навистина дадов се од себе за да научам да програмирам и да станам junior Full-Stack .NET програмер во секоја смисла на зборот, сепак имаше и малку среќа.


Еден колега од мојата група веќе се вработи во Matrix Global, а притоа имаа и уште едно слободно место. По препорака во компанијата од менторот и колегата, аплицирав и по неколку технички интервјуа, потпишав договор и ќе започнам со работа на 31-ви август (во понеделник).



Уписите за Full-Stack .NET Академијата се во тек!  
Аплицирај тука

Каков тип на проекти изработи во склоп на Академијата?


Работевме на различни проекти и домашни задачи се со цел практично да го искористиме знаењето кое сме го превземале. Генерално сите проекти беа интересни. 


Бидејќи на почетокот на Академијата изучувавме Front-End, таков тип на проекти градевме индивидуално. Во овој дел проект кој би го истакнал е “Puzzle Game” кое беше навистина интересно искуство за почеток. Играта е составена од 3 нивоа: лесно, средно и тешко. Од сите нивоа, лично успеав да го комплетирам само лесното ниво, што е добар знак за моите програмерски вештини.


Иако повеќе Академијата беше повеќе фокусирана кон Back-End, сепак менторот (Тони Накевски) се потруди да навлеземе и во Front-End, дизајн, UX, итн.


Друг проект кој би ги истакнал се мапата за Коронавирусот во нашата земја. При градење на оваа веб апликација, научивме и како да функционираме во група. Уште еден проект кој би го истакнал како интересен е финалниот проект кој го изработувам, односно веб апликација слична на Facebook со повеќе комплексни функционалности.



Дали имаш некоја порака за оние кои се мислат да станат програмери?


Доколку сакаат да станат програмери, да не се двоумат и едноставно да се втурнат во оваа професија. Од висока побарувачка и приходи до моќта за градење на продукти кои имаат потенцијал да го променат светот, програмирањето е професија која топло ја препорачувам на секој.


Ако јас можам да дојдам до вештини и работна позиција без никакво предзнаење, тогаш може секој амбициозен човек.


Уписите за Full-Stack .NET Академијата се во тек. Погледни повеќе детали тука.