Како новите прогрaмерски вештини ми помогнаа да ја дигитализирам мојата компанија - Code Academy
Како новите прогрaмерски вештини ми помогнаа да ја дигитализирам мојата компанија

Немаше нешто што не ми се допадна во однос на Code Academy, од студентите до менторот и луѓето кои стојат позади Code Academy. Целокупната атмосфера во групата беше одлична, истакна Филип Ѓурчиновски.


Со Филип, 23-годишен програмер од Скопје, подетално разговаравме за “The Code Academy Experience” за време на неговото студирање на .NET Академијата.



Зошто се одлучи за Code Academy?


За Code Academy слушнав од мој близок другар. За мене тоа беше нешто ново и интересно, бидејќи уште од мал ме интересирала технологијата. По истражување на програмата и Академијата, одлучив да аплицирам.



Направи ли некакво истражување пред да се запишеш на .NET Академијата?


Се разбира, поради фактот што сè ми беше ново и непознато, најпрво направив истражување за детали околу web development, колкава е побарувачката за ваков тип на програмери на пазарот на трудот, итн. Набргу дознав дека термините кои од претходно ги знаев означуваат сосема различни вештини. Не е исто да програмираш некоја комплексна игра и да градиш веб страници.


Пред да се запишам на Code Academy, истражив и на Google и по форуми за претходните искуства на студенти од групите кои завршиле со студии.


Најголем дел од оцените за Академијата беа позитивни, од програмата, менторите па се до тимот кој стои позади Code Academy.



Кој беше твојот предизвик да станеш Full-Stack програмер?


Отсекогаш ме интересирало сè поврзно со технологијата, особено комплексните софтвери, бидејќи знаев дека тоа е иднината. Од таму ме привлече и начинот на кој преку програмирањето се креираат тие софтвери.


Едноставно сакав да почнам со веб девелопмент и да научам да градам веб апликации. Може да се каже дека Академијата ми беше одлична основа за да можам во иднина полесно да совладам други технологии и дополнително да се надградам себеси.




Каде работиш моментално?


Пред 4 години започнав со работа како комерцијалист во компанија за рачни алати и градежни материјали, Логистика Баукит. Сакав да ги надоградам моите вештини а со тоа и да помогнам во дополнително модернизирање и просперирање на оваа компанија. Тоа беше една од причините зошто станав програмер.



Како успеа да ги избалансираш работните обврски со учењето на Академијата?


Искрено, тешко е да се одржи такво високо темпо во текот на целата Академија. Секој ден по завршување на работните обврски, имав малку време за одмор и потоа веднаш стартував со кодирање или изучување на нови аспекти од програмирањето.


Темпото беше еден дополнителен предизвик кој го совладав, бидејќи имав голема желба да научам да програмирам.



Дали имаше предзнаење во програмирање?


Пред да започнам со Академијата, имав познавање од графички дизајн, што сметам дека е голем плус кога ќе се искомбинира со програмирањето за да може да се изгради функционална и естетска веб апликација. Конкретно од програмирањето немав предзнаења.



На каков тип на проекти работеше?


Имаше многу интересни проекти и задачи кои ни помогнаа теоретскиот дел да го совладаме на практичен начин. Исто така, освен проектите кои ги изработив во Академијата, работев (и се уште работам) на веб апликација за потребите на компанијата за која моментално работам, како и останати проекти како freelancer.


Максимално се посветив на веб апликацијата бидејќи тоа значително ќе го олесни целото функционирање на компанијата.


Сметам дека е напорно и комплесно додека да се изгради првата целосна веб апликација, но откако ќе се разбере структурата како и останатите компоненти, времето поминато во кодирање на нови веб апликации значително се намалува.


Една интересна задача кој би ја истакнал додека изучувавме C# е програма за пресметување на вредноста за делови од кола. Корисникот може да селектира се поврзано со колата, од моделот до материјалот, формата и бојата на деловите од колата, а притоа програмата да ја пресмета целокупната цена со селектираните компоненти.


Бидејќи од сите јазици најмногу ми го привлече вниманието C#, оваа програма ми беше една од најинтересните за креирање.



Кои јазици ги изучи во текот на Академијата?


Генерално се фокусиравме на C#, ASP.NET и SQL, а со тоа го изучивме и Front-End сегментот, односно HTML, CSS, JavaScript.


Од сите овие јазици, најмногу ми се допаднаа C# и JavaScript. Конкретно C# бидејќи потребни се математика и логика за целосно осознавање на овој програмски јазик.



На тимот на Code Academy особено му е важно мислењето на студентите за текот на наставата. Какви се твоите искуства во однос на процесот на студирање?


Искрено, немам никакви забелешки во однос на процесот на студирање во Code Academy. Останатите студенти кои беа со мене во група беа многу кул, имаше многу заедничка дружба а особено значајна за мене беше тимската работа.


Многу сум задоволен од целиот тим, од менторот Кире Коцев кој би го истакнал како одличен предавач па се до HR-от на Академијата, Маријана Иловска. За целиот процес имам само пофални зборови.


Менторот, преку задачите и проектите успеа да ни го пренесе знаењето на начин на кој најбрзо и најефективно можевме понатаму да го имплементираме.


Програмата исто така беше дизајнирана за почетници и постепено се зголемуваше интензитетот на изучување, што навистина ми помогна да научам темелно, бидејќи немав некои предзнаења.



Која е твојата порака до сите оние кои сакаат да станат програмери?


Програмирањето е иднината. Во оваа професија има голема можност за надградба во секое време. Работнотно време е флексибилно и можеш да работиш remote, односно да работиш од било каде и во било кое време. Оваа вештина ни дава можност да се вклучиме на светската берза на трудот и да работиме во компании во било кој крај од светот. Една од поубавите работи за оваа професија е токму слободата која ја добиваш.


Програмирањето не е толку тешко, само е потребна вистинска желба за учење и упорност. Овие два фактори се клучни за успех.


Затоа, мојата порака до секој кој сака да стане програмер е дека Code Academy е вистинскиот избор за нив!