Вo Code Academy, процесот на упис е составен од повеќе сегменти, со цел да овозможи поквалитетен кадар на јуниор програмери кои ќе имаат шанса да просперираат во ИТ индустријата.
Нашите програми се производ на соработка со најдобрите ИТ компании и експерти во Македонија и со правилна селекција на кандидати во Code Academy овозможуваме квалитетен кадар за истите.
За да се погрижиме за успехот во овој сектор да биде гарантиран, стандардите на запишување се на високо ниво и условите за селекција строги бидејќи како Академија ни е важно да помогнеме при вработување. Секој сертифициран студент добива еден на еден кариерен тренинг, HR советување како и посредување за интервјуа во ИТ компании.
Само 35% од апликациите во Code Academy се прифатени. Сите тие 35% примени студенти демонстрирале една заедничка карактеристика: желбата за постојана животна и едукативна надоградба.
Издвоивме неколку значајни совети со цел успешно да се помине интервјуто за упис.
Пред терминот за интервју во живо со нашиот тим, се очекува апликантот целосно да ја истражи програмата. Целта на интервјуто е да се докаже дека апликантот има целосно разбирање за што аплицира - од термини на предавања, интензитетот на изучување на материјалот, просечната плата за таа професија, времетраење, финансии итн. Со претходна подготовка, апликантот може да издвои значајни прашања преку кои ќе овозможи добра насока за започнување на подлабока дискусија кои може да ги постави за време на интервјуто. Неколку добри прашања кои можат да се постават се:
- Како изгледа денот на еден Code Academy студент?
- Какви реални проекти ќе градиме?
- Колку часа дневно треба да издвојам за вежбање (надвор од предавање)?
- Во кои термини е најдобро да го барам менторот доколку имам нејаснотии?
За поуспешна евалуација на вештините на секој кандидат индивидуално, се врши тестирање на општите познавања на логика, англиски јазик и основни компјутерски вештини. Линкови за подготовка и вежбање се: EnglishJet, FreshersLive, ProProfs и 123Test.
Се очекува секој апликант да биде професионален и да се придржува кон закажаниот термин без да доцни. Технолошката индустрија е позната по својата неформална и опуштена природа, но ова не важи за интервјуа. Не се очекува апликантот да дојде облечен во одело, но се очекува да ја прикаже најпрофесионалната и најподготвената верзија од себе си.
Самоуверено и без трема да е на разговорот со цел да ја прикаже пасијата за учење и надоградување. Не е потребно да се има претходно познавање од програмирање, но преку објаснување на минати искуства/проекти и раскажување како се дошло до креативни решенија на проблеми е секогаш предност.
Во овој сегмент од интервјуто со тимот за селекција, нема точен или не точен одговор. Целта на тимот на Code Academy е да разбере колку е мотивиран кандидатот. Ова претставува одлична можност апликантот да ги истакне своите гледишта, карактерни особини, искуства, одговорности и визијата што ја има за својата иднина.
Преку ова едноставно прашање нашиот тим дознава колку е мотивиран апликантот. Ова прашање е дел од нашата онлајн апликација, па одлична можност е да разговара апликантот за нивната апликација и да доколку има да додаде нешто на претходно напишаното.
Академијата бара огромна посветност. Тимот за селекција сака да се увери дека кандидатот е подготвен да го вложи потребното време и труд. После предавања студентите од Академијата го повторуваат материјалот што го научиле преку разни задачи и вежби. Ако не се одвои потребното време за вежбање, помали се шансите за успех. Затоа е многу важно за време на интервјуто кандидатот да истакне колку време планира да одвои за вежбање.
Овие се само неколку совети кои можат значително да помогнат на секој апликант, поготово кога се комбинирани со победнички мајндсет и природната заинтересираност за технологија.