На многу луѓе кога ќе им се спомне поимот програмирање си замислуваат тешка, досадна работа за која треба да си математички генијалец, но тоа е далеку од вистината. Без разлика на возраста, полот или степенот на знаење, со вложен труд, упорност и љубов секој може да стане програмер.
Во продолжение ќе се запознаеш со придобивките од изборот на оваа кариерна патека.
Лесно-достапна едукација
Интернетот е бескраен извор за едукација преку Академија,онлајн курсеви, семинари, блогови и друго. Со факултет може да ги научите основите за работа, со желба и дисциплина може да се задлабочите во работата, но со обука и менторство се станува вистински професионалец.
Континуирано учење
Девелоперите секогаш треба да бидат во чекор со технологијата затоа што таа е во постојан напредок. Секој проект бара од девелоперот да искочи надвор од својата комфортна зона, да користи нови вештини и да се надоградува. Како софтвер девелопер две работи се загарантирани:
Никогаш нема да ти биде досадно;
Никогаш нема да бидеш во дефицит на мотивација.
Секојдневна креативност
Програмирањето е високо-креативна работа.
Креативност може да се изрази на многу начини. Преку програмирање се изразува креативноста на логичкото размислување и решавањето проблеми. За еден проблем има повеќе начини како тој да се реши, па затоа е потребно да се развива out-of-the-box размислување.
Слобода
Сè што е потребно за да бидеш софтвер девелопер е компјутер и твоите вештини. Програмирањето е професија која нуди самоорганизирање на времето, задачите и условите за работа.
Формалното образование не е фактор за да станеш успешен програмер
Не сите софтвер девелопери имаат завршено формално образвование односно, факултет. Да се стане софтвер девелопер е долготраен и мачен процес, но со соодветна дисциплина и желба, оваа професија е возможна за сите. Реалната приказна на Бобан Срезовски е доказ дека навистина желбата за учење е клучна за изградба на кариера во IT секторот. Како човек кој има поминато поголем дел од својот живот во угостителството и продажбата, Бобан на 32 години стана Full Stack .NET програмер за само 7 месеци.
Сигурна кариерна патека
Во последните неколку години побарувачката за софтвер девелопери е во огромен раст и не покажува знаци на опаѓање. При отварање на огласи за работа, повеќе од јасно е дека моментално најбараната професија е во IT секторот. Никогаш нема да имаш проблем при наоѓање работа.
Промена на светот
Технологијата има влијание врз секој аспект од нашиот живот. Комуникацијата, завршувањето на дневните задачи, забавувањето и менаџирањето со финансии никогаш не било полесно поради напредокот на технологијата. Со работа како софтвер девелопер можеш да бидеш сигурен/на дека секогаш ќе бидеш во центарот на промените и ќе придонесуваш за развојот на човештвото.
7 ½ Largе consumption of dark drinks
You know what we mean….
За повеќе инфо како да ја започнеш твојата кариера во IT секторот, консултирајте се со нашиот тим.
Пријави се на нашата email листа за да бидеш во тек