Кажи ни нешто за себе Васил…
Јас сум Васил Јовев, имам 19 години и моментално сум вработен во Iskratel како Java Developer. Сѐ уште ги немам завршено предавањата, но ја изучувам Full-Stack Java Академијата.
Што првично те привлече кај програмирањето?
Уште од почеток, многу ме интересираше како работат програмите. Секогаш сакав да знам што се случува behind the curtains. Можеш да направиш каква и да посакаш апликација, а не да бараш со саати по Интернет и на крај пак да не е тоа што го сакаш. Всушност, тоа ми беше најголем поттик да почнам да програмирам и да се запишам во Code Academy.
Што е нешто што те изненади кога почна да програмираш?
Дека толку брзо ќе научам да програмирам, тоа ми беше најчудно. Брзо ги разбрав сите концепти кои ми беа потребни, како сѐ работи и како треба да работи. Тоа ми овозможи да се вклопам во тој програмерски свет многу побрзо и полесно.
Сите се согласуваме дека 2020 година е една од најтешките години, па што те мотивираше?
Главна мотивација ми беше знаењето дека ако го научам програмскиот јазик ќе можам да правам што сакам и да креирам апликации какви што јас сакам. Во програмирањето има голема слобода да правиш што сакаш, ако знаеш што правиш.
Кој е твој омилен момент од предавањата на Академијата?
Па искрено, сѐ. Но ако мора да одберам една работа тоа е групата. Се погодивме интересна група со пријатни ликови и убава атмосфера за работа и учење. Проектите се исто така многу интересни. На почетокот омилено ми беше Java, но понатаму кога почнавме со Spring build, ми стана уште поинтересно, а исто така ми стана и полесно.
Според тебе, кои се некои карактерни особини кои мора да ги поседува еден програмер?
За еден програмер да е успешен, сметам дека мора различно да ги гледа работите. Да пишуваш код или да му кажуваш на некој како да пишува код е океј, но мора да се развие тој различен mindset. Ако на некој размислувањето му оди во таа логичка насока тогаш би препорачал да проба да програмира и да се запише на Академијата. Освен тоа, треба многу голема мотивација, труд и секако, вежбање. Ако се појави некој error, не се откажувај, побарај го. За тоа постои Google. Google е најдобар пријател на програмерите.
Кои се некои проекти на кои работиш моментално?
Имаме еден мал проект со Борјан, chat апликација. Полека ја развиваме да има посебни соби за чатување, да се додаваат пријатели или посебно да се зборува, стикери и ред други features кои ќе ги има понатаму како ја надградуваме апликацијата.
Кои Do’s & Don’t’s би посочил на некој што сака да почне да програмира?
Do’s. Ако гледаш дека нешто не оди, пробај пак, потруди се повеќе, прогуглај малку, гледај видеа на YouTube, консултирај се со другари, колеги. Честопати на Академијата се консултиравме еден со друг и со менторот кој беше постојано на располагање за било какви прашања и проблеми.
Don’t’s. Едноставно, не се откажувај. Ако нешто навистина сакаш, ќе се потрудиш да го научиш и да го завршиш до крај. Упорноста е најважна во програмирањето.
Последно прашање. Каде се гледаш за 10 години?
Би работел во некоја ИТ компанија и би имал мои веб сајтови за одредени програми или видео игри. Некои би биле само мои, а некои би сакал да ги правам со моите другари.