Ајде да почнеме, кажи нешто за себе…
Јас сум Борјан Стојановски, имам 26 години и работам во Iskratel заедно со Васил Јовев. Желба за програмирање-да, труд-да, вложување во програмата која ја има на располагање Академијата-да.
Што те привлече да се запишеш на Академијата?
Корона кризата, немаше што да се прави. Во Академијата видов убава понуда, убави услови, добри инструктори и сѐ тоа ме привлече да се запишам.
Студент сум на ФИНКИ па тоа ми помогна да развијам некоја слика за програмирањето, а самата Академија во Code Academy ме насочи кон тоа што конкретно сакам од програмирање. Сакам Java, го сакам back end делот.
Што те “туркаше“ во целиот период?
Знаев дека мора да правам нешто што е добро за мене. Седењето дома, постојаното гледање серии, чмаењето што би се рекло, не го гледам како нешто проактивно за самата личност, нема продуктивност.
Само одреден, цврст мотив може да те издигне над сите тешкотии од оваа криза. Мојот мотив беше “сакам да програмирам и ќе го научам тоа.“
Што најмногу ти се допаѓаше во Академијата?
Видеата што се снимаат. Тоа ми беше најважно затоа што можам да ги гледам и дваесет пати ако треба. Постојано ги гледам, сфаќам што ми е слаба страна и каде треба да се подобрам.
Менторот ни ги објаснува работите, ни покажува како да се прават и каде треба да се подобриме, но снимањето на предавањата е нешто за кое немам слушнато да го прават во други Академии, посебно на нашиве простори.
Втората најдобра работа беше добрата екипа. Сѐ уште немаме направено кафана, но кога ќе помине кризава ќе мора да се случи. За менторот немам доволно добри зборови. Игор Илиевски е човек што знае како и каде да те насочи и да ти објасни зошто баш тоа треба да го правиш.
Така да би рекол дека снимањето на видеата, самата група и менторот се трите главни работи кои најмногу ми се допаднаа.
Кои се некои придобивки што ги доби од Академијата што не си ги добил од друго место?
Достапноста на менторот и насоката која ти ја дава тој. Дефинитивно и водењето на детална програма од која што почнуваш со basic кодови, а стигнуваш до НАСА проект што би се рекло. From zero to hero. Тоа според мене е најважното нешто во целиот процес.
Која е твојата програма од соништата, што би сакал да програмираш?
Заинтересиран сум да видам што ќе се случува понатаму со 5G, тоа е технологија со кога би сакал да направам нешто.
Многу работи има за програмирање, светот постојано се движи напред. Премногу идеи имам и многу работи би сакал да програмирам.
Почнувајќи од решавање на социјални проблеми, особено во државава. Прв проект кој би сакал да го направам сам или со колегите од Академијата би можело да биде апликација за пријавување проблеми.
Каде се гледаш за 10 години?
Две куќи на Малдиви, една во Занзибар, лап-топ со мене и тоа е тоа. :)
За крај, каков совет би дал на некој што можеби се двоуми дали програмирањето е кариера за него/нејзе?
Програмирањето е професија за секој, сѐ зависи од тоа колку човекот ќе се посвети и колку длабоко ќе навлезе во тоа.
Единствен совет кој би го дал на било кој што сака да почне да програмира е да почне што е можно побргу. Светот се движи во таа насока и ако сака некој да има сигурно работно место и добра егзистенција, нека го земе лап-топот и нека го загрее столчето.
Има голем број понуди, разгледајте и одберете ја надобрата, а дефинитивно видете што се случува во Code Academy.
Пријави се на нашата email листа за да бидеш во тек