На кратко, кажи ни нешто за себе…
Јас сум Мартин Михаиловски, имам 27 години и завршив на Full-Stack PHP Академијата. Имам full-time работа во компанија во авто индустријата, а паралелно работам како freelance програмер на Upwork.
Кажи ни нешто повеќе за проектот на кој работеше со Џина за швајцарската компанијата Tokiwi…
Тој проект го правевме додека уште бевме на Академијата, веб апликација за хотел Терминус во Швајцарија. Целата платформа е наменета за резервирање на хотелски соби или маси во ресторанот и прикажува временска прогноза и значајни знаменитости во тој регион.
Не очекувавме да го добиеме тој проект и беше некое искуство кое ни помогна да имаме целосна слика за тоа како се работи во една компанија и како се работи на проекти, каква е хиерархијата во комапнијата и многу друго. Не беше некој којзнае колкав проект, но тој прв проект кога ќе си го видиш live, priceless е. Плус, Tokiwi е голема фирма и бевме многу среќни што го одбраа баш нашиот проект.
Работи на реални проекти, аплицирај на Full-Stack PHP Академијата тука.
На какви проекти работиш сега?
Моментално работам на 3 проекти. Работам на конзола за маркетинг агенција која што собира маркетинг податоци и ги продава на клиенти. Јас сега го правам интерфејсот за податоците, приказот, нотификациите, корегирам багови и правам редовно update. Вториот проект е систем за менаџмент на човечки ресурси кај што се води евиденција на работното време, менаџирањето со вработените, договори, користењето на одмори, боледувања, таскови и проекти, тракинг на време итн.
Третиот проект ми е за истиот клиент како и вториот, беше многу задоволен од прогресот на првиот проект па ми понуди да ја прошириме соработката. Проектот е платформа за достава на храна со 3 интерфејси каде што ќе има еден администраторски интерфејс, еден за ресторани и еден за луѓе што ќе ја вршат испораката на храна. Дополнително овој проект ќе има API преку кое ќе комуницира со iOS и Android апликации на кои работат други девелопери.
Само што почнавте со предавањата на Full-Stack PHP Академијата почна и пандемијата. Како беше навинкувањето на таа промена?
Искрено, на почеток мислев дека ќе биде многу потешко за учење. Само една недела одевме на предавања на Академијата, уште немавме створено некаква врска и комуникација меѓу нас студентите и менторот. Искрено, сите бевме изреволтирани кога ни кажаа дека ќе мора да имаме предавања онлајн, но испадна многу подобро отколку што мислев.
Менторот Александрос Апостолидис беше неверојатен, ми помагаше во секое време за било каков проблем. Уште ми дава совети и поддршка иако веќе ја завршив Академија. Дури и многу го замаравме, чувствувавме дека во одредени моменти му беше смачено од нас и нашите милион прашања. Многу е важно колку е менторот посветен на студентите, а тој беше достапен во секое време, често можевме да го најдеме на Slack и во 3 наутро. Според мене, подобро испадна што учевме онлајн.
Како ти помогна Академијата во твојата кариера?
Јас дознав за Code Academy еден ден пред да аплицирам, не ни гуглав, не разгледав подлабоко. Се пријавив, имав едно интервју и веднаш почнав. Програмирање учев 6-7 години претходно. Учев прво front end, па потоа се насочив на back end. Многу е важно колку си посветен на Академијата и што ќе правиш по завршување на Академијата. Таа ќе ти даде основа и насока, но деталите мора да ги проучиш сам. Постојано можеш да гледаш видеа на YouTube и да слушаш курсеви, но тоа никогаш не може да се спореди со човек што има многу години искуство да ти објасни како работат нештата.
Програмата ми беше многу важна, но искуството на менторот најмногу ми помогна. Има долгогодишно искуство, не го штедеше неговото знаење, сѐ што го прашувавме ни одговараше, дури и за работи кои не беа дел од програмата. И тој го ценеше тоа што бевме фокусирани и заинтересирани за тоа што го предава и објаснува, едноставно бевме мотив едни за други.
За крај, каков совет би му дал на некој што сака да биде freelance програмер?
Имав напишано порака на која правев само copy-paste и истата ја користев за сите проекти на кои аплицирав. Тоа е најголемата грешка што сум ја направил. Секој проект и клиент заслужува да му се посвети внимание и даде искрен повратен одговор. Почнав темелно да се посветувам на бизнисите на 5 клиенти, барав што работат, со каква проблематика се бават, кои им се вработени, каде се лоцирани и детално им правев анализа пред да ја пишам понудата на нивното барање. Текстот кој го имаат напишано во барањето за работа го читав по неколку пати, доколку нешто не ми беше јасно прашував во апликацијата. Од 5 клиенти кај кои поднесов барање со 2 веќе имам договор за долгорочна соработка. Да сумирам на крај, ако не си способен да жртвуваш дел од твоето време за комплетно да се посветиш на твоите проекти и клиенти, воопшто не почнувај freelance.
Почни ја и ти твојата програмерска кариера, алицирањето за Full-Stack PHP Академијата е при крај.