Здраво Даниел! Дали можеш да ни се претставиш, да ни кажеш нешто повеќе за тебе...
Јас сум Даниел Павловски од Крива Паланка, имам 25 години и живеам во Германија, близу Франкфурт, веќе 4 години. Ја завршив Full-Stack Java Академијата и моментално работам во Comercus Gmbh, компанија за развивање на системи за трговски компании.
Што работеше или учеше пред да се запишеш на Академијата?
Претходно студирав на Економски Факултет, но тоа дефинитивно не беше за мене. Мислам дека повеќе се запишав од паника дека мора веднаш да се запишам на некој факултет и до одредена возраст да имам диплома. Имав сменето повеќе работни позиции, но ништо поврзано со програмирање. Прв пат се сретнав со програмирањето во Code Academy. Доколку и ти сакаш да навлезеш во ИТ светот, нашата Software Testing Академија е одличен избор за почеток на твојата ИТ кариера. Започнува на 01.03.2021 година и можеш да аплицираш тука.
Како ја донесе одлуката да се запишеш во Code Academy?
Планирав да се запишам на некој курс или aкадемија по секоја цена. Дури бев спремен и да се вратам во Македонија за да учам програмирање. Според мене тоа е една од најдобрите професии, флексибилна, сигурна и добро платена. Случајно на девојка ми ѝ се појавил ad на Facebook дека Code Academy нуди онлајн следење на настава. Се запишав 5 дена пред почетокот на Академијата и супер испадна, подобро отколку што очекував.
Кој е твојот омилен дел од целата Академија?
Дефинитивно менторот и целиот тим на вработени. Од запишувањето до крајот на Академијата имаше достапност во секое време, секој пат кога сме заглавувале со домашни или сме имале било каков проблем, и менторот Димитар и вработените, особено Маријана, биле тука за да ни помогнат.
Уште ја немаш завршено Академијата, а работиш. Како ја пронајде таа работа?
Се наближуваше крајот на Академијата и сметав дека сум спремен за пракса. Имав потреба и сакав да научам уште многу работи. Почнав да аплицирам уште во месец Август и на повеќето места каде што аплицирав добив повратен одговор. Ја одбрав компанијата каде што работам моментално, поминав неколку интервјуа и ме примија на пракса.
Ти учеше Java, но работиш како PHP програмер. Како дојде до таа промена?
Во компанијата бараа некој што ќе работи со PHP и JavaScript, а јас на Академијата учев Java. Google многу ми помогна да научам што ми е потребно, а и затоа на почетокот бев практикант, за да научам. Java нема никаква врска со PHP и JavaScript и знаев дека ќе биде тешко да ја направам таа промена, но сакав да пробам нешто ново и да го проширам моето знаење. На крај, успеав.
На какви проекти работиш моментално?
Моментално не работам на мои приватни проекти, едноставно немам време. Не можам многу да споделувам, но на работа работам на креирање на системи за статистика за трговски компании кои сакаат да го продаваат нивните производи на Amazon. Освен тоа, посетувам курс за ethical hacking.
Како пандемијата го смени начинот на твоето учење или работење?
Јас искрено немам работено програмирање пред пандемијата, но мислам дека програмерите не почувствуваа некоја голема разлика во работењето. Дури можеби и повеќе им одговара да работат од дома. Пофлексибилно е и порелаксирано е. Ако имам состанок во 8 ипол можам да станам од кревет во 8 и 20 :).
Кои се некои предности од Академијата што не можеш да ги добиеш од друго место?
Достапноста на менторот и тимот. Многу е важно да има кој да побараш кога ќе заглавиш. Никој нема да се постави така на факултет. Некогаш не помага ни Google и мислам дека луѓето најмногу се откажуваат кога немаат поддршка. Исто така, програмата беше одлична. Цело време бевме турбо, не се губеше време за ништо и сè беше одлично испланирано.
За крај, каков совет би му дал на некој што сака да има кариера како програмер?
Одлучи се за еден програмски јазик или група од слични програмски јазики за да ти е полесна работата и побрзо да напредуваш во кариерата. Јас не го одбрав тој пат и покрај тоа што сум задоволен со тоа каде се наоѓам во мојата кариера, можеби до сега ќе имав поголем напредок. Исто така, многу многу упорност и труд, без тоа нема програмирање. На почетокот мислев дека ќе биде многу полесно, но испадна дека треба многу повеќе труд и време. 7 месеци се ништо во споредба со целиот живот, тешко е ама вреди.
Со изучување на нашата Software Testing Академија наменета за почетници без никакво претходно познавање, стани високо-платен Software Testing Specialist. Уписите се во тек, аплицирај тука.