Code Academy се гордее со сите успешни приказни кои произлегуваат од нашите Академии, но понекогаш успешните приказни не се само од студентите, туку и од нашите ментори.
Сo гордост сакаме да споделиме дека Дарко Спасовски, ментор на нашата iOS Swift Академијa, е прикажан на TechCrunch.
Ако до сега не знаеше за TechCrunch, eве малку insight. TechCrunch е една од најголемите публикации во светот на технологијата со повеќе од 16 милиони читатели месечно. Нивната веб страна е место на кое што прв пат се дознава за големи играчи во ИТ индустријата како Mark Zuckerberg (Facebook) и Brian Chesky (Airbnb).
Во статијата се зборува за неговото учество како дел од тимот на Circle, апликација која овозможува креирање на онлајн заедници и групи.
Circle до сега има над 1 000 претплатени корисници и речиси 2 000 претплатени заедници. Користењето на оваа платформа расте со неверојатна брзина, односно 40-50% на дневно и месечно ниво.
На 16.02.2021 година, компанијата објави дека достигнала инвестиции од 4 милиони долари, качувајќи ја својата проценка на 40 милиони долари.
Дарко ја изработуваше нивната iOS апликација и е дел од неверојатниот успех кој го постигна компанијата од нејзиното основање во Јануари 2020 година.
Не очекувај Дарко да е your everyday програмер. Тој е препознатлив по неговиот уникатен изглед полн со тетоважи, генијален начин на решавање проблеми и огромна љубов кон Аmerican Muscle автомобилите.
Во случајот на Дарко, живеејќи во една мала држава како Македонија, стана дел од тим на 20 луѓе сплотени од Европа, Индија, Австралија и Америка со цел да направат еден одличен продукт кој има достигнато голем успех, а туку што почнал да расте и се развива во нешто уште поневеројатно.
Во книгата “Flow” авторот Mihaly Csikszentmihalyi објаснува дека единствен начин да се достигне вистинска исполнетост е преку значајна работа која има влијание врз светот. Нека приказната на Дарко те инспирира да најдеш вистинска исполнетост.
Доколку сакаш да ги следиш сите новости на Дарко со Circle или пак сакаш да му честиташ, можеш да го додадеш на Linkedin и Facebook.