Дали знаеше за eduployment? Ни јас не знаев. Мислев дека тоа е некој fancy збор што го користат директори и менаџери на пазарот. Дозволи да објаснам како јас го дознав овој збор.
Еден убав петок, си седев на моето биро, пиев кафе и работев. Овој петок бев сама во канцеларија, па гласно имав пуштено музика и си рапував на старите песни на Missy Elliott.
Одеднаш, како да освоил востание влезе Роберт, директорот на Code Academy, за да ми даде нова задача за денот. Ми рече дека треба да напишам статија за еден нов термин. Можеш да погодиш кој? Секако, eduployment.
Прва мисла која ми помина низ глава беше дека дефинитивно е збор кој го употребуваат директори и менаџери. Очигледно нели, директор е. Го прашав што всушност значи eduployment и тој ми даде одговор. Не го разбрав во целост што ми кажа, но ми даде еден добар пример кој сега ќе го споделам со тебе.
Slice е партнер компанија на Code Academy која вработува програмери откако ќе ја завршат Академијата. До тогаш, немало академија за Ruby on Rails, а поради потребата на Slice за такви програмери, Code Academy ја отвори првата Ruby on Rails Академија.
Всушност, eduployment претставува процесот на едуцирање и вработување преку креирање на едукативна програма наменета за одредена професија или потреба на една компанија која е специфична и уникатна.
Во случајот со Slice, Code Academy ја отвори својата Ruby on Rails Академија поради потребата на компанијата конкретно за Ruby on Rails програмери.
По примерот кој ми го даде Роберт, го разбрав значењето на зборот eduployment, но ме копкаше само уште една работа. Го погледнав и го прашав дали овој збор воопшто постои. Ми рече “можно е, мене сега ми текна на ова“.
Бев збунета и фасцинирана во исто време, па така ми дојде прашањето, дали eduployment е следниот тренд на пазарот? Може да биде, одлична идеа е. Која компанија не би сакала да има работници едуцирани и обучени конкретно за нејзините потреби?
Тоа нека го размислуваат директорите, јас сега ќе им се вратам на кафето, работата и музиката на Missy Elliott.