Да бидеш Full-Stack програмер значи да ги владееш двата дела од девелопмент процесот: Front- End и Back-End, во “превод” ти треба се сам да направиш. Од поврзување на датабази до изгледот на веб страната, целиот девелопмент процес зависи од тебе.
Full-Stack програмата во изминатите неколку години стана значително популарна и привлечна за сите оние што сакаат да започанат со програмирање.
Доколку сакаш да станеш Full-Stack програмер, запиши се на нашата Full-Stack Јаva Академија која што ќе започне на 1-ви септември.
Главната причина за нејзината популарност е големата заинтересираност од страна на ИТ компаниите кои се повеќе се заинтересирани да вработат Full-Stack програмери.
Иако е значително попредизвикувачки да станеш Full-Stack програмер, бенефитите се исклучиво примамливи. Во продолжение ќе ги прочитате сите предности на еден Full-Stack програмер.
Висока побарувачка
Еден Full-Stack програмер може да замени 2-ца Front-End и Back-End програмери, дури во некои случаеви еден Full-Stack може да замени цел тим.
Од оваа гледна точка на ИТ компаниите им е многу попрактично и исплатливо да менаџираат со еден програмер отколку со 2-ца или повеќе.
Одлична плата
Како Full-Stack програмер вашите одговорности се значително поголеми, но затоа и ќе бидете квалитетно компензирани за вашиот труд. Просечната плата на еден Full-Stack програмер варира од 600 до 1500 евра во Македонија.
Креативна Флексибилност
Како Full-Stack програмер, вие имaте познавање од повеќе аспекти на девелопмент процесот. Од креирање на датабази до дизајнирање на веб страницата. Кога имате пристап до сите овие процеси, вие имате флексибилност да бидете креативни во секој дел.
Подобра продуктивност
Бидејќи имате познавање од повеќе технологии, дали е тоа креирање на бази со SQL или правење на систем за прикачување слики во PHP, вие имате познавање од се. Ова ви дава дополнителна предност во споредба со другите програмери бидејќи вие можете побрзо да донесувате технички одлуки и полесно можете да се адаптирате со други технологии.
Заклучок
Како што ќе се појавуваат нови технологии така и ќе се зголемува побарувачката за Full-Stack програмери, но доколку одлучите да тргнете по овој пат, ќе морате да учите многу работи што обичните програмери не мораат да ги учат.
Уписите за нашата Full-Stack Java Академија се во тек, аплицирај тука.