Приказната за ова дете - гениј од Демир Капија ќе ве инспирира - Code Academy
Приказната за ова дете - гениј од Демир Капија ќе ве инспирира

Која е твојата приказна Илија? Што те мотивираше да почнеш да учиш програмирање на толку млада возраст?

Во македонија пред 5 години најактуелна беше играта GTA San Andreas Multiplayer.

Играта функцинираше на принцип на сервери којшто имаат одреден број на играчи, во Македонија веќе имаше број еден сервер со најмногу играчи. Премногу ме нервираше како сите зборуваат дека некој кој што е на моја воздраст направил нешто подобро од мене.

Се почна од инает. Инаетот ме натера да потрошам две години во изучување како да бидам број еден. На секој раб на откажување се мотивирав со помислата дека сеуште има подобри од мене. Почнав да навлегувам во комплексните води на принципите за правење сервери. После толку падови и откажувања дојде едно навистина децидно откажување, но тогаш успеав. Сите ме зборуваа мене, само мене, и тоа ми се допаѓаше па затоа продолжив со изучување на технологии.

Кои ти беа најголемите предизвици додека учеше да програмираш и како успеа да ги совладаш?

Предизвик ми беше да ги научам самите програмски кодови. Ги совладав со напорна работа буквално кодирав 24/7! Мотивација ми беше успешноста на секој обид а најголема мотивација секој неуспешен обид.

Како се чуствуваш како најмладиот вработен програмер во Скопје? Навистина е импресивно на 17 години да работиш на комплексни проекти.

Многу јако! Ги охрабрувам сите да почнат со програмирање бидејќи влегуваме во ерата на дигитална трансформација. И самите знаеме дека се функционира само со еден клик. Нема да биде залудно да се стекнат овие вештини, кои ќе помогнат на луѓето да гледаат од различна перспектива.

Како ти изгледа еден работен ден? Што најмногу ти се допаѓа?

Стигнувам на работа во 9:00 часот и веднаш започнувам со кодирање. Ретко го погледнувам часовникот, и често знам да останам прекувремено до 12 сабајле и со сила ме тера тимот да ме однесе до дома. Иако ми е пасија да програмирам, искрено најмногу ми се допаѓа екосистемот на работа и како тимот ме мотивира со нивниот mindset - што ме прави да се чувствувам како да се наоѓам во Силиконската Долина.

Каков совет би им дал на луѓе кои се уште се во дилема дали да станат програмери?

Може од било која возраст да почнете да програмирате. Но штом сте веќе во дилема, значи дека сте за програмер бидејќи програмерот не размислува само на еден начин. Тој секогаш има резервен план. 

Сметаш ли дека вредеше целиот вложен труд?

Секако. Тоа највеќе го доловив кога за прв пат зачекорив во Codedesk. И си реков дека ова е тоа што сакам да го работам и повторно бев исплашен исто како првиот пат кога почнав да пишувам код, но програмирањето ми помогна да го победам стравот.

Каде се гледаш за 10 години од сега?

Како пред светот ја претставувам фирмата Codedesk и како секој чека со нетрпение да го слушне мојот говор.