Front-end vs Back-end девелопер: која е разликата? - Code Academy
Front-end vs Back-end девелопер: која е разликата?

Без разлика на тоа дали повеќе преферираш front-end или back-end, едно од побитните работи што мора да ги направиш е детално да размислиш кои се твоите цели и планови откако ќе го поминеш целиот процес на предавања, домашни задачи, работење и бранење на проекти и добивање на серфитикат на нашата академија .

Но, тоа може да биде комплицирано доколку не си запознаен/aсо основната програмерска терминологија.

Нема потреба за грижа, бидејќи налета на оваа статија, да ти помогне за да се расчистат овие нејаснотии.

Гледајќи на сите видови на девелопери, можеме наједноставно да ги разграничиме на овој начин:

  • Front-end девелопери работат на изгледот на веб-страницата. 
  • Back-end девелопери работат на функционалноста на веб-страницата. 
  • Full-stack девелопери работат целокупно и на изгледот и на функционалноста на веб-страницата (за овој вид ќе напишам посебна статија деновиве)

Но сепак, во оваа статија ќе навлеземе подлабоко во различностите помеѓу првите два видови на девелопери, и тоа во однос на: 

  •  Опис
  •  Платa
  •  Програмски јазици
  •  Потребни вештини

Да започнеме.

 

Front-end девелопер

Дефиниција за овој поим е некој кој што менаџира со се што корисниците можат да го видат. Front-end девелопери се одговорни за изгледот, естетиката и целокупниот дизајн на веб-страницата.

Затоа, кога збориме за front-end девелопмент, тоа се однесува на фокусирање на девелопмент на “страната на клиентите”.

Анализа на кодот и дизајнот, како и “de-bugging” е направено, се со цел да се создаде совршен “user experience”. 

Front-end јазици се HTML и CSS (па дури се користи и програмскиот јазик JavaScript). Исто така, треба да се напомене дека последно време JQuery станува демоде, бидејќи современите пребарувачи можат да ја извршат истата работа што ја врши JQuery, но на многу побрз и поефикасен начин.

Затоа, за тие што веќесе front-end девелопери, им препорачувам да развијат  понапредни JavaScript вештини, како и да го надградат своето искуство со framework-ови како што е React. Овие вештини ќе им бидат потребни за во иднина како front-end девелопер.

Дополнително, во склоп на курсевите кои што ги нудиме на нашата академија,ќе научиш многу корисни лекции за респонзивен дизајн, типографија, layouts, gridsystem, итн.

Размислувај повеќе на креирање и редизајнирање на веб-страници, доколку сакаш да имаш некоја идеа за тоа што ќе работиш во сферата на front-end-от.

За да бидеш ваков тип на девелопер, не ти се потребни back-end вештини. Тоа е така, бидејќи веб-страниците што ќе ги креираш како front-end девелопер, ќе бидат функционалнии без интеракција со информациите коисе складирани во дата-базата. 

Податоците на таа веб-страница ќе бидат фиксирани во место, што значи дека нови елементи нема постојано да бидат поставувани. Ваков тип на статични веб-страници може да ги приметиме кај мали бизниси (најчесто ресторани и фризерски салони).

Во однос на работа, постојат голем број на разновидни позиции за front-end девелопери. Тоа што е интересно е дека со оваа титула можеш да имаш одредени задачи во една компанија, а сосема други обврски во друга компанија.

Затоа е потребно точнода се разграничат имињата на работните позиции и конкретните улоги што би ги имал/a во некоја компанија.

Овие се најчесто користените имиња на работни позиции за front-end девелопери:       

  • Front-end девелопер / дизајнер (какошто веќе напоменавме, овој тип на девелопер може да креира статичен сајт, доколку нема back-end девелопмент. Тоа значи дека не треба никаков вид на информации да бидат зачувани во базата на податоци)
  • Веб дизајнер (ова е уште едно често име на работната позиција која би ја имал еден front-end девелопер. Веб дизајнер е некој/а што го дизајнира изгледот на сајтот во програми како Photoshop или Fireworks. За овој процес не е потребен никаков вид на код. Но, во некои други ситуации, веб девелоперот ќе ја издизајнира веб-страницата во Photoshop, а потоа ќе го искодира дизајнот во HTML и CSS, понекогаш и во JS)
  • UI/UX дизајнер (односно front-end девелопер кој се фокусира на “User Interface” и “User Experience”. UI дизајнерот се грижи за визуелниот аспект на сајтот, додека пак UX дизајнерот прави повеќе тестирања за да се увери дека веб-страницата работи беспрекорно. Од друга страна, UI/UX дизајнер е хибрид на двете работни позиции.)

Според, Glassdoor, просечната годишна плата заfront-end девелопери на глобално ниво е над 70 илјади долари. Но, платата често варира во зависност од индустријата, твоетоискуство и локација. 


Back-end девелопер

Дефинија за овој поим се однесува на менаџмент на серверската страна на некоја апликација или веб-страница.

Кога збориме за back-end девелопмент, мислиме на софтверската страна на веб-страницата или апликацијата, каде што првенствено се фокусираш на тоа како функционира веб-страницата.

За да станеш ваков тип на програмер, потребни ти се вештини како критично размислување, креативност, адаптибилност, упорност, итн.

Главна одговорност ќе ти биде следење на функионалностите, како и извршување на промени и надградби на веб-страницата. Овој видна веб-девелопмент најчесто се состои од три дела: серверот, апликацијата и базата на потадоци.  

За разлика од front-end девелопмeнт, се што неможеш да видиш веднаш, како што е функционалноста на серверите и базата на податоци е одговорност на back-end девелоперот. Кодот којшто го пишува back-end девелоперот е линкот што комуницира помеѓу базата на податоци и пребарувачот.

Кога се однесува за back-end девелопери, често се користат и синоними како програмери и веб-девелопери.

Иако повеќето back-end девелопери користат програмски јазицикако Java, PHP, Ruby on Rails, .NET и Python, сепак имаат познавање од front-end јазиците HTML и CSS.

Најчесто, добар back-end девелопер се има усовршено во барем еден програмски јазик и има доволно познавања на 2 или 3 програмски јазици за да напише код. Врз сево ова, ваков тип на девелопери исто така треба да се усовршат во работење со MySQL, Oracle и SQLServer.

Тие јазици им помагаат на ваков тип на програмери да се фокусираат на респонзивноста и брзината на веб-страницата. Јазици како Java, PHP и .NET се користат за создавање на динамични сајтови (кои се многу поразлични од статични сајтови) со тоа што овој тип на веб-страници складираа тинформации во базата за податоци.

Тоа значи дека податоците на веб-страницата постојано се менуваат и надоградуваат.

Пример за динамични сајтови се: Twitter, Facebook и GoogleMaps.

Прашања кои секој back-end девелопер треба знае како да гиодговори се:

  • Каде податоците се зачувани ?
  •  Дали се безбедно зачувани?
  • Дали веб-страницата ќе падне доколку почнеме со процес на “scaling”?
  •  Како можат да се додадат нови елементи и функционалности, притоа да се оддржи функцијата на старите?
  • Како може да ја тестира веб-страницата со цел крајниот корисник да искуси што е можно помалку “errors” и “bugs”?

Според Glassdoor, просечната годишна плата заback-end девелопери на глобално ниво е над 100 илјади долари. Но, платата може да варира во зависност од индустријата, твоето искуство илокација.

 

Заклучок 

Пред почнување на било каква обука или едукација во сферата на програмирањето, потребно е да го разбереш значењето на основните (но многубитни) термини, како што се front-end и back-end девелопмент.

Токму и затоа одлучив да ја напишам оваа статија. 

Front-end е тоа што корисникот го гледа, а back-end е како функционира веб-страницата.

Додека пак, full-stack девелопер е хибрид на горенаведените (и front-end и back-end девелопмент).

Овој вид на девелопер заслужува посебна статија, којашто ќе ја напишам во текот на следните неколку денови.

За усовршување на овие вештини и аспекти на програмирањето, нашата академија нуди детални и ефективни курсеви.

Уште од почетокот ги изучуваш основите и навлегуваш в оfront-end водите со помош на CSS и HTML, а потоа продолжуваш кон back-end-от.

Не чекориш сам/аCode Academy ќе чекори заедно со тебе низ целиот процес од предавањата до праска и вработување.

За повеќе информации,  кликни тука.