Девелопер vs програмер: која е разликата? - Code Academy
Девелопер vs програмер: која е разликата?

Еве еден едноставен тест за да провериме дали можеме лесно да ја увидиме разликите помеѓу следниве неколку поими:

➔    Црно и бело

➔    Ден и ноќ

➔    Зграда и куќа

➔    Кола и камион

➔    Лап-топ и мобилен телефон

Тоа беше лесно, нели?

Овие поими можеме лесно да ги идентификуваме бидејќи постојат очигледни и логични разлики помеѓу нив. Но, кога ќе размислиме дали може да ги разграничиме поимите девелопер и програмер, работите стануваат посложени.

Всушност, залудно настанува голема забуна кога се работи за овие два поими.

Тоа е така бидејќи, кога се работи за креирање на нови работни позиции, терминологијата не е толку битна.

Огласи за софтверски девелопер, девелопер на апликации, компјутерски програмер и софтверски инжинер често се однесуваат на извршување на истата функција.

Истото важи и за работни позиции како Java девелопер, веб девелопер и J2EE програмер.

Повеќето луѓе не ја знаат разликата, па дури и некои кои работат во ИТ индустријата.

Ова се е последица на фактот што целата индустрија многу брзо се зголемува и станува пофлексибилна.

Не те обвинувам доколку имаш нејаснотии во врска со овие два поими.

За таа цел, за да се разјасни оваа основна (а навидум комплексна) терминологија, одличив да ја напишам оваа детална статија.

Да започнеме.


Девелопер

Како што успеавме многу лесно да ги разграничиме поимите во тестот погоре, ќе пробаме детално да ги разграничиме и овие два.

На најлесен начин, можеме да го опишеме програмерот како готвач, додека пак девелоперот како главен готвач, односно шеф.

За разлика од готвачот, кој само готви според добиените инструкции, шефот знае како да ја искомбинира неговата креативност со повеќе технички вештини за да ја постигне целта.

Во ИТ светот, тоа значи пронаоѓање на конкретната потреба што ја има одреден пазар, изработка на план и детални инструкции кои можат да се споделат со останатите членови на тимот. Истата фукција ја вршат шефови и софтверски девелопери, само во различна област.

Има голема побарувачка за најдобрите девелопери бидејќи тие тешко можат да се најдат и задржат.

Разликата во однос на девелопер и програмер е обемот на работата.

Додека програмерите работат на одреден дел на проект, девелоперите се повеќе инволвирани и размислуваат на целокупниот проект.

Битно е да се напомене дека девелоперите и софвтерските инжинери се исто така програмери.

Разликата е што девелоперите, заедно со пишување на код, исто така се и ангажираат во врска со:

●     Девелопмент

●     Софтверски дизајн

●     Истражување

●     Оптимизација

●     Анализа

●     Имплементација

●     Тестирање

●     Оддржување

●     Debug-ирање

●     Документирање на целиот процес

Постојат и два, поспецифични видови на девелопери: Девелопери на мобилни апликации и DevOps инжинери.

Исто така има многу голема побарувачка и за ваквиот тип на девелопери, особено за тие на мобилни апликации. Тие најчесто се специјализираат или во Android (Java, Kotlin) или во IOS (Objective-C, Swift), креирајќи апликации за мобилни телефони и таблети.

Вообичаено, некои програмери стануваат девелопери на мобилни апликации затоа што за овие работни позиции следува и повисока плата.

DevOps инжинери се оние кои имаат веќе-изградени вештини во сферата на бизнисот, лидерството, организацијата, автоматизацијата, оперативноста.

И во зависност од потребите на компанијата, задача на софтверските девелопери би можело да биде разговор со клиенти и изработка на целосна анализа врз основа на нивните потреби. Со помош на новите информации, тие  креираат и тестираат софтвери конкретно направени како резултат на потребите на клиентите.

Во помали компании, тие исто така ја превземаат улогата на програмери и ги пренесуваат своите идеи во код. Додека пак во поголеми компании, тие превземаат повеќе улога на проектни менаџери и делат конкретни инструкции на програмерите и останатите членови на тимот.

Без разлика на тоа каде работат, софтверските девелопери се одговорни за дизајнот и пишување на детална документација во врска со целиот софтвер.

На некој начин, нивната работа е комбинација на програмер, дигитален архитект, тестер и аналитичар. Гледајќи од перспективата на проектен менаџмент, тие треба да знаат како да го структуираат целиот проект така што е разбирлив за останатите колеги.

Една од предностите на еден девелопер е тоа што дневно поминуваат помалку време пред компјутер во однос на еден програмер. Во зависност од технологијата која ја користат, тие ќе се фокусираат на пишување документација и размислување на целосната структура на проектот.

Затоа е потребно да се направи диференцијација помеѓу девелопери и програмери, бидејќи девелоперите се тие кои се грижат за целокупниот проект, додека пак кодот и кодирањето се само дел од целината.

За таа работна поцизија потребно е пронаоѓање на креативни решенија на поставените проблеми со помош на постојана едукација, развивање на самодисциплина, постојано читање на книги и статии, како и посетување на курсеви и акамадемии за развивање на технички вештини.

Поентата што треба да ја исцпиш од сево ова е дека девелоперите гледаат на нештата на повисоко ниво, а не само да се фокусираат на конкретен проблем.
Девелоперите користат комбинација на повеќе различни технички вештини, со крајниот корисник на ум.


Програмер

Веќе направивме споредба помеѓу програмери и девелопери со готвачи и шефови, за да може на едноставен начин да ја разграничиме разликата. Додека работата на еден девелопер е пообемна, работата на програмерите вклучува пишување, тестирање, поправка на “bugs” и оддржување на веќе-постоечкиот код.

Програмерите се срцето на секоја современa компанија.

Еден програмер, го претвара осмислениот дизајн во инструкции кои еден компјутер може да ги следи и да работи ефективно. Овие инструкции се кодираат со помош на еден од многуте програмски јазици.

Добри програмери најчесто знаат повеќе различни програмски јазики како Java, .NET, PHP, JavaScript, Python, итн. Од друга страна пак, поспецијализираните програмери се фокусираат на усовршување во барем еден програмски јазици.

Најчеста форма на работа за еден програмер е работа во тим или група под надзор од сениор програмер. Тој е исто така и тим лидер, одговорен за целиот проект и тимот кој работи на него.

Задачата на програмерите е да ги искористат добиените инструкции, да одберат кој е најефективен начин за да ја извршат задачата и притоа да одлучат како ќе го структуираат и напишат кодот. Постојат многу битни фактори за ефективна и ефикасна работа на еден програмер, меѓу кои и добро структуиран и јасно напишан код, како и комуникациски вештини.

Најчесто добар програмер е и експерт во пронаоѓање на начини како да се стигне до решението на одреден проблем, како и склопување на повеќе компоненти за да се исполнат сите барања. Неговата работа е имплементација на одредени инструкции, а не одлучување на тоа како да се гради продуктот/услугата.

Програмерите превземаат идеи од други луѓе и пренесуваат тоа во јасен и ефективен код. Тие се исто така одговорни за тестирање на кодот кој го пишуваат.

Една мала скапоцена тајна која секој програмер ја има е “Stack Overflow”, платформа која тие ја користат како начин за решавање на проблеми на кои тие се заглавени.

Со тек на надоградување на нивните вештини, програмерите можат одлучат да продолжат да работата на истата работна позиција или да се втурнат во сферата на девелопментот. Но, потребно е да се разграничи дека не постои подобра опција помеѓу овие две, туку тоа се работи за лични преференции.

Она што треба да го запомниш е тоа дека програмерите најмногу се фокусираат на јасно структуиран, лесно разбирлив и код без грешки.


Заклучок

Искрено, секогаш е тешко да се објасни разликата помеѓу девелопер и програмер.

Како што веќе напоменавме, кодирање е дел од работата и на еден програмер и на еден девелопер. Сепак, нивниот обем на работење е различен.

Додека програмерот се фокусира повеќе да извршување на дадената задача и конкретно пишување на кодот, девелоперот има многу повеќе обврски во однос на целокупниот проект.

Запомни дека ако си врвен програмер, незначи дека ќе бидеш и врвен девелопер, бидејќи девелоперот се грижи за многу повеќе аспекти од проектот.

Најголем дел од девелоперите почнуваат како програмери и постепено се доближуваат кон девелопер доколку се сакаат да превземат повеќе одговорност.

Како и да е, во денешниот дигитален свет, многу е битно да ја имаш вештината на кодирање во твои раце. Токму затоа и ние одлучивме да ја основаме Code Academy.

Ние нудиме повеќе академии, без разлика на тоа кој програмски јазик најмногу те интересира, се со цел да станеш full-stack девелопер за само 6 месеци.

Крајната цел на Code Academy е да ти помогне да изградиш успешна кариера во ИТ светот.

Твојот пат започнува со само еден клик.