WordPress: Сè што треба да знаеш за помалку од 10 минути - Code Academy
WordPress: Сè што треба да знаеш за помалку од 10 минути

Има причина зошто токму WordPress е најпознатиот софтвер за креирање на веб-страници во светот. Во оваа статија, ќе дознаеш се што ќе ти биде корисно доколку сакаш целосно да го совладаш WordPress.

За неколку недели WordPress ќе наполни 25 години од неговото основање, и не постои подобар начин да се истакнува сите нејзини неверојатни функции со информативна статија.

Со помош на оваа статија ќе научиш:

  • Што е WordPress?

  • Зошто е уникатен WordPress?

  • Зошто е популарен WordPress?

  • Зошто да го користиш WordPress?

  • Предности и слабости на WordPress

  • Интересни факти за WordPress (бонус)

Што е WordPress?

Пред се, да дефинираме што е WordPress.

WordPress е он-лајн, open-source софтвер кој се користи за креирање и оддржување на веб-страници без потреба од кодирање. Тој е еден од најлесните и најдобрите системи за менаџмент на податоци на веб-страници, особено блогови. Плус, можеш да го инсталираш и користиш бесплатно.

Овој софтвер ти ја дава моќта да го подесиш твојот сајт на речиси било каков начин, според твоите желби.

Првата верзија на WordPress беше креирана во 2003 година, што значи дека овој софтвер е постар и од Facebook и од Twitter.

Почетоците биле многу скромни, бидејќи првата верзија им давала можност на секој да дизајнира едноставна платформа наменета за пишување на статии. Но, со тек на време, овој софтвер станал пофлексибилен, нудејќи многу помоќни алатки за креирање на речиси било каков тип на сајт.

Пред да продолжиме понатаму со оваа статија, битно е да се истакне дека постои разлика помеѓу WordPress.com и WordPress.org. Од една страна, имаме платформа со која можеш лесно да креираш и оддржуваш веб-страница, но сепак има свои ограничувања. Од друга страна WordPress.org е платформа која нуди многу поефективни и поквалитетни алатки.

Исто така, во статијава некаде ќе прочиташ “WordPress”, а некаде иницијалите “WP”. Да знаеш дека двата поими имаат исто значење и се однесуваат на WordPress.

Зошто е уникатен WordPress?

Како што веќе напоменавме, WordPress е open-source софтвер. Тоа значи дека оваа платформа не е ограничена од било каков закон и е достапна за секој да ја инсталира, подесува и користи според “GNU General Public” лиценцата. 

Дополнително, основните папки и податоци кои се битни за целиот софтвер да функционира безпрекорно, се развиени и оддржувани од посветена заедница на WordPress ентузијасти и поддржувачи. Оваа заедница често се собира на настани наречени “WordCamps” во повеќе градови на глобално ниво.

Можеби овие информации не ти се толку битни. Но, тоа што треба да ти е битно е дека комбинацијата на сѐ што наведовме погоре, доведува до оваа платформа да е бесплатна за користење. Дополнително, секој ден се креираат нови бесплатни алатки кои можеш да ги користиш како комплементарни делови на WordPress.

Овој софтвер е дизајниран на начин на којшто е user-friendly и ги нуди сите функции кои се потребни за креирање на веб-страници.

Доколку знаеш како да кодираш, имаш повеќе слобода да го користиш и модифицираш софтверот како што ќе посакаш.

Зошто е популарен WordPress?

Освен големата и лојална заедница околку овој софтвер, дел од причините зошто WP е толку поплупарен е тоа што можеш да добиеш помош во било кое време ти треба. И тоа во форма на он-лајн документација, активни форуми, блогови фокусирани конкретно наменети за WordPress, посветени и детални академии, ресурси, и многу повеќе.

Тоа значи дека најверојатно некој веќе го знае и го има документирано одговорот што го бараш, без разлика на која тема или проблем се работи. И уште една предност е тоа што WordPress не е само за почетници. 

Системот за менаџмент на податоци има доволно спобосност и флексибилност да расте заедно со твојата веб-страница и твоите корисници. Како што учиш за платформата и стекнуваш искуство и нови технички вештини, ќе откриеш дека можеш сѐ повеќе нешта да правиш со помош на WP.

Флексибилната страна на овој софтвер е тоа што можеш да креираш сѐ што ќе замислиш, од едноставен блог до комплексна и детално дизајнирана веб-страница за компании и он-лајн продавници.

Со тоа помага dashboard-от на WordPress. Тоа е приватно место каде што се логира админот и од каде ги контролира сите аспекти од сајтот. Исто така, WP е дизајниран за најдобри перформанси, врвно ниво на сигурност и SEO како три главни елементи кои се најбитни за секоја веб-страница.

Зошто да го користиш WordPress?

За просечните сопственици на бизниси, поими како WordPress, Magento, Wix, Shopify, SquareSpace и Weebly можеби звучат како научна фантастика. Овие поими стануваат корисни кога ќе почне процесот на градење веб-страници, бидејќи сите горенадевени платформи се користат токму затоа, креирање и оддржување на веб-страници.

Сите имаат свои предности и слабости (за оние на WordPress ќе навлеземе подлабоко подолу во оваа статија), но повеќето се користат за креирање на веб-страници за конкретна цел.

На пример, користење на Shopify како платформа за креирање на сајт има само логика да ја одбереш доколку планираш да изградиш он-лајн продавница. Истото важи и за Magento. Останите платформа се многу пофлексибилни и истите се сметаат за повеќе популарни. Иако сите горенаведени платформи имаат многу корисни алатки за одредени намени, ќе објаснам зошто треба да користиш WordPress.

Како што веќе напоменавме погоре,WordPress има долготрајна и активна заедница полна со посветени членови кои се експерти токму за оваа платформа.

Без разлика на тоа дали си (или сакаш да бидеш), блогер, сопственик на он-лајн продавница или е-бизнис професионалец, WordPress е вистинскиот избор за тебе.

Не само што ќе имаш целосна контрола врз твојата веб-страница, туку и ќе имаш пристап повеќе привилегии кои оваа платформа ги нуди како: голем број на теми, бесплатни алатки, plugins и целосна корисничка поддршка.

Нека не те обесхрабрува фактот што некои луѓе се одлучуваат за други платформи. Нивната одлука е најверојатно донесена според тоа дека сакаат да научат некој програмски јазик и сакаат да навлезат во некоја, помапку user-friendly околина.

Предности и слабости на WordPress 

За најдобро да се опише тоа колку е корисен WordPress како софтвер за твојата веб-страница, одлучив да ги одбројам сите предности и слабости што тој ги има.

Морам да бидам искрен
, има МНОГУ повеќе привилиегии одколку негативни страни кога се работи за користење на оваа платформа.


Предности на користење на WordPress


WordPress е софтвер кој е дизајниран да може лесно да се прилагоди кон твоите потреби, и има многу корисни функционалности и алатки. Ова е основната причина зошто токму WordPress е најпознатиот систем за менаџмент на содржина восветот. Одприлика 50-60% од сите веб-страници го користат CMS-от на WP.

Исто така можеш да добиеш пристап до код со којшто можеш да користиш и модифицираш било која предходно-изградена тема и дизајн, заедно со многу видови на plugins. Сите овие фукнцкионалности и алатки можеш да ги искористиш за да ја оформиш твојата веб-страница.

На пример, сакаш да додадеш форум или алатка за шопинг на твојата веб-страница? Тоа можеш да го направиш со помош на алатки и софтвери кои се направени од страна на ентузијасти на WordPress заедницата.

Многу познати брендови го користат WordPress, вклучувајќи ги и: CNN, The Wall Street Journal, Microsoft News, Toyota, The Walt Disney Company, Sony Music, меѓу останатите. Други познати брендови ќе бидат прикажани во “интересни факти”, подоле во оваа статија. Доколку WordPress е доволно моќен за да ги поддржи овие веб-страници, тогаш е дефинитивно доволно моќен да поддржи било каков сајт што ќе креираш.

И покрај јавното мислење, WordPress не е само платформа за блогери. Иако таа била намената на овој софтвер во почетоците, некои девелопери сфатиле дека има потенцијал за нешто многу повеќе. Денес, WordPress овозможува креирање на било какви веб-страници, од он-лајн курсеви до комплексни заедници. 

Сѐ може да биде направено преку WP, без разлика на тоа дали сакаш да креираш едноставна веб-страница за локален бизнис или огромна он-лајн шопинг продавница.

Како што веќе напоменавме, WordPress plugins и теми го прават целиот процес на обликување на твојата веб-страница многу поедноставен. Дури може да се каже дека овие функционалности и алатки што овој софтвер ги нуди се клучни за раст на твојот сајт. Честа појава е темата да служи како основата на сајтот. 

Одкако ќе се инсталира темата, само минимални нешта треба да се променат во однос на дизајнот, како додавање на логото, промена на палетата бои и секако, нови страници и статии.

На пример, за обичен блог, ќе ја исталираш и модифицираш темата која најмногу ќе ти се допадне и едноставно почнуваш со блогирање. Истото важи и за веб-страници на бизниси или портфолија.

Од време на време ќе имаш потреба за некаква промена или некаков додаток на твојата веб-страница, без разлика натоа дали е некакво вид на chat bot или пак прашалник за да добиеш повеќе корисници. Тука најбитни се plugins

Уште една предност е фактот што можеш да имаш WordPress вештини без да знаеш да програмираш. Претприемачиили поединци што сакаат да го исполнат своето CV или да најдат повеќе платена работа, можат многу да придобијат со познавање на WP. 

Тоа е така бидејќи оваа платфома е одлична алатка за поставување на он-лајн бизнис. Кога започнуваш со креирање на сајт, овие WP вештини се потребни за да одбегнеш некои дополнителни трошоци.

Маркетери исто така може да имаат потреба од WordPress вештини. Како маркетер, можеш да го искористиш овој софтвер за да создадеш интересни веб-страници и да постираш корисни статии. Исто така, ако го знаеш WP доволно добро, нема да имаш потреба да ги чекаш девелопери да направат мали промени.

Покрај тоа, постојат толку многу plugins za WP, што повеќето луѓе (па дури и тие што го користат овој софтвер подолго) не знаат дека некои plugins се совршено модифицирани за back-end функционалности, кои се клучни за работа на некои компании.

Врз сево ова, WordPress е целосно бесплатен. Како што напоменавме веќе, овој софтвер е пуштен според GNU лиценцата, со која им овозможува на било кој во светот да ја спушти икористи. Кодот е open-source, што значи дека секој може да го користи, модифицира и надоградува.

Едно внимание:
Иако WordPress софтверот е бесплатен софтвер, веројатно ќе потрошиш одреден дел од твојот буџет за останати работи околу него. Тоа е така, бијдеќи за користење на WP ќе ти треба посебен хостинг. Цената за хостинг може да варира од 3 долари до неколку илјадници долари, во зависност од твоите потреби. Исто така, можеш да најдеш многу бесплатни plugins и теми, но секако дека постојат и премиум алаткиза кои треба да платиш доколку сакаш да ги користиш.

Кога гледаме на сите трошоци во целите, секако дека можеш да ги оддржиш на минимум. Некои умешни членови на таа заедница само плаќаат за хостингот.

Стигнавме до предноста која што е веројатно најбитна, а тоа се висoкатa плата и големиот број на отворени работни позиции за WordPress експерти.

Уште една многу битна работа етоа што постојат многу отворени работни позиции за поединци со WP вештини. Секако дека и твојата сегашна професија можеш да ја надоградиш со ваков тип на вештини или пак да ти служи како комплементарна алатка.

Исто така, твоите новостенати WordPress вештини можат да ти помогнат да најдеш работа како девелопер, дизајнер или маркетер.

Но, доколку не сакаш да работишза една компанија, секогаш постои опција да работиш како freelancer, работејќи на проекти за кои се потребни WP вештини. Некои клиенти кои имаат потреба за модифицирани WordPress сајтови обично плаќаат од 3,000 до 15,000 долари на freelancer-и.

Додека пак во поголеми компании, можеш да работиш како WordPress специјалист. Постојат многу можности и од овој аспект, од извршување на основни услуги како поставување и модифицирање на темата, до целосно модифицирање на веб-страницата.

Според Glassdoor, просечната плата на еден WordPress developer е 76,000 долари на светско годишно ниво.

Според mojaplata.mk, просечната плата на еден веб дизајнер (со WPвештини) варира од  25,000 до 63,000 денари на месечно ниво во нашата земја.

Исто така, можеш да креираш премиум теми и plugins кои потоа можеш да ги продаваш и да заработуваш на тој начин.

Тоа што може да се заклучи од оваа предност е дека опциите за заработување преку WordPress се практично бесконечни. Тоа што е интересно е дека овие WordPress вештини можеш да ги стекнеш за помалку од 2 месеци. За повеќе информации кликни тука.


Слабости на користење на WordPress

Како слабост може да се смета фактот што ти требаат технички вештини за постанување и менаџирање на твојот хостинг. Повеќето сопственици на веб-страници не ја знаат комплексноста на менаџирање, поставување и обезбедување на сопствен хостинг.

Оваа слабост се елиминира преку нашиот курс за WordPress Professional.

Уште една слабост е тоа што WP eopen-source софтвер и всушност никој не е споственик на овој софтвер. А тоа значи дека нема систем за поддршка на клиенти, доколку побараш помош. Како замена, ќе мора да се потпреш на WordPress заедницата или да најдеш програмер да го реши проблемот.

Исто така, треба да имаш познавање од јазици како HTML, CSS или PHP доколку сакаш дополнително и подетално да го подесиш дизајнот на твојата веб-страница.

Интересни факти за WordPress (бонус)

Еве неколку интересни факти во врска со WordPress:

  • WordPress е заслужен за креирање и оддржување на повеќе од 75 милиони веб-страници.

  • Тоа значи дека WordPress е заслужен за креирање и оддржување на 32% од сите веб-страници на “the world wide web”.

  • WordPress има многу повеќе месечни посетители од Amazon.com и приближен број на посетители на Facebook.

  • Повеќе од 14% од топ 100 веб-страници во светот се креирани и оддржувани преку WordPress.

  • Повеќе од 500 веб-страници се креирани преку WordPress секој ден.

  • Корисниците на WordPress.com креираат повеќе од 130 милиони статии и 70 милиони коментари секој месец.

  • Останати познатите корисници на WordPress се: TED, CNN, TechCrunch, Coca-Cola, Samsung, Forbes, PlayStation , и многу други. Сите овие сајтови се направени со помош на WordPress теми, plugins и многу други алатки.

  • WP е целосно преведен и достапен на повеќе од 68 јазици.

  • WP е напишан во програмскиот јазик PHP.

  • Постојат повеќе од 50 илјади бесплатни plugins за WordPress

Заклучок

WordPress е најпопуларен и најкористен софтвер, најголем дел заради фактот што е софвршено решение за голем обем на веб-страници. И почетници како и искусни девелопери можат да креираат секаков вид на веб-страници, од мали блогови до комплексни он-лајн продавници.

Корисни и ценети алатки се WPвештини за блогери, маркетери, SEO советници и секој друг кој работ со хостингна WP.

Доколку не знаеш точно каква веб-страница сакаш да креираш, секогаш можеш дапочнеш со некоја помала и поедноставна, и постепено да ја развиваш.

Тоа што е зачудувачки за WordPress е дека е релативно лесен софтвер за дапочнеш да го користиш.

Сѐ што ти е потребно е
вистинската академија, со помош на кој ќе станеш WordPress експерт.