5 Генијални начини да заработуваш дополнителни приходи од дома - Code Academy
5 Генијални начини да заработуваш дополнителни приходи од дома

Здраво, јас сум Александар Арсоски и работам во маркетинг секторот на Code Academy.



Денес бев особено мотивиран да ја напишам оваа статија, бидејќи многу мои другари, кои знаат каде работам, постојано ме прашуваат како се заработуваат пари од дома, доколку знаеш како да програмираш.



Code Academy нуди одговор на ова прашање.


Дали знаеш дека една од најдобро платените хонорарни работи од дома се токму во ИТ секоторот?


Денес, платформи за хонорарци, како што се UpWork, Fiverr и други, имаат исплатено повеќе од 10 милијарди долари токму на хонорарци. Една неверојатна предност е фактот што клиентите на ваквите платформи имаат потреба од ангажирање на хонорарци со многу различни вештини, не само програмирање.


Всушност, вештините кои ти се потребни за да заработуваш поголеми приходи, можеш да ги стекнеш, за многу кратко време, на некој од курсевите и академиите на Code Academy.

Еден пример на ваков курс, преку кој ќе се стекнеш со потребните вештини за работиш хонорарно од дома, е токму курсот за WordPress Professional.

Моментално, овој курс е еден од најпопуларните затоа што трае прилично кратко, а во исто време те едуцира како да создаваш целосни веб-страници од почеток, па се до самиот крај.

За повеќе информации во врска со овој курс, КЛИКНИ ТУКА.

Како и да е, овие се 5 генијални начини како да заработуваш пари од дома, доколку си веќе WordPress Professional или full-stack девелопер.



1. UpWork


UpWork нуди многу корисни алатки кои ќе ти помогнат полесно да се втурнеш во светот на хонорарните работници (freelancer-и). Оваа платформа има добро издизајниран простор за соработка, како и беспрекорен и транспарентент процес за лесна регрутација. Со помош на оваа платформа, можеш да работиш дури и за некои од најпознатите компании во светот како: Microsoft, Airbnb, Dropbox, итн.

За секој што бара повеќе флексибилност во својата работа во однос на работно време, работни услови и друго, дефинитивно треба да ја провери оваа freelance платформа.

На оваа веб-страница, врвни WordPress професионалци имаат висока саатнина, која  може да варира од 20 од 100 долари. 

Кога се работи за full-stack девелопери, просечната саатнина е 90 долари, додека пак просечната годишна плата е блиску до 100 илјади долари.



2. Fiverr


Fiverr е најголемиот пазар за помали и краткотрајни услуги во светот. Најинтересниот дел на оваа платформа е тоа што можеш да креираш gigs (или понуди за извршување на одредени услуго), со 5 долари, поставена како минимална цена. 

Може да биде извор за заработка на примарен или дополнителни приходи, без разлика на тоа дали си full-stack девелопер или WordPress експерт. Како freelancer, можеш да ги прикажеш сите завршени проекти, за да можат компании и клиенти да те пронајдат и одберат.

За WordPress професионалци, често може да се најдат gigs над 20 долари. Додека пак за full-stack делепоер, просечната цена на сите gigs e околу 60 долари.



3. Toptal


Toptal е една од поновите и поинтересните платформи моментално во freelance светот. Таа е одлична за софтвер девелепери кои имаат веќе изградени технички вештини.

Еден интересен факт е тоа што оваа платформа многу внимателно селектира кои freelancer-и ќе ги нудат своите услоги преку нив. Секако дека тешка задача е да ги добиеш само најдобрите девелопери во светот, но некако оваа платформа успеа да го направи токму тоа.

Просечната годишна плата на оваа платформа на еден врвен full-stack Java девелопер е околу 118 илјади долари, или саатнина од 56 долари.

Доколку сакаш  предизвици и да се придружиш на елитната група на најдобри full-stack девелопери во светот, тогаш Toptal e вистинската опција за тебе.



4. Freelancer


Оваа веб-страница е најголемата за freelancer-и во светот, со повеќе од 32 милиони регистрирани корисници. Тоа значи дека има голем број на проекти на кои можеш да работиш како WordPress експерт или full-stack девелопер.

WordPress професионалци имаат саатнина од околу 80 долари. Додека пак, врвни full-stack PHP девелопери имаат саатнин од над 100 долари.

Доколку не си сигурен/на со која платформа да ја започнеш твојата freelance кариера, топло ти ја препорачувам Freelancer.com.



5. Guru


Без разлика на тоа дали си WordPress експерт или си full-stack девелопер, секогаш е одлична опција да работиш било каде и било кога сакаш. За луѓе со авантуристички дух, оваа опција е најпосакувана.

Уште една одлична платформа која ги нуди сите тие можности погоре е Guru. Основана во 2001, оваа платформа им дава моќ на freelancer-ите да ги прикажат своите вештини и услуги, како и да најдат соодветна работа.

На ваков тип на платформи има голема побарувачка за full-stack девелопери и WordPress експерти.

Некои клиенти кои имаат потреба за модифицирани WordPress веб-сајтови обично ги плаќаат freelancer-ите од 3,000 до 15,000 долари по проект.

Исто така, работодавачите на оваа платформа ценат вештини и труд, и затоа плаќаат дополнително. На пример, просечен full-stack PHP девелопер има просечна годишна плата од 120 илјади долари.


Заклучок


Опциите за заработување на пари преку WordPress се практично бесконечни.

Платформите кои те поврзуваат со клиенти и нивни проекти ти дава можност да имаш целосна контрола врз твојот живот. Тоа значи дека можеш да работиш од било каде и било кога.

Не знам за тебе, ама мене тоа ми звучи совршено!


Затоа се повеќе луѓе се интересираат за курсеви преку кои ќе станат WordPress професионалци.


Иако е исто така одлична идеа да станеш full-stack девелопер, работна позиција за која погоре во оваа статија се увери дека постојат многу бенефити.



Напредната академија трае 6 месеци, во кој ќе се стекнеш со сите вештини кои ти се потребни за да заработиш одлични приходи, па дури и ако работиш од дома.


Додека пак, курсот за WordPress Professional е во времетраење од 6 недели, со што ќе се стекнеш со сосема нови вештини. Тие вештини можат да ти служат за да најдеш нова и подобро платена работа, или да ги користиш како комплементарна алатка на твојата веќепостоечка работа.


За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.


Се читаме во следната статија.