5 Причини зошто да научиш Ruby on Rails - Code Academy
5 Причини зошто да научиш Ruby on Rails

Дали сакаш да програмираш, но не знаеш со кој програмски јазик да започнеш? 


Во тој случај, топло ти препорачувам Ruby on Rails


Иако постојат многу програмски јазици (за кои имаме посебни и детални курсеви и академии), Ruby on Rails е многу популарен во светот на програмерите и има голема заслуга и удел за развивање на целата заедница.


Исто така, има многу уникатни и динамични функционалности, кои се потребни за секој почетник, но и експерт-програмер.


Во склоп на нашите академии и курсеви , Code Academy нуди академии за да станеш full-stack developer и во други програмски јазици. За повеќе информации околу тоа, КЛИКНИ ТУКА.


Има причина зошто просечната годишна плата за еден Ruby on Rails девелопер во светот е преку 120 илјади долари. И покрај оваа чисто финансиска причина, постојат и други 5 причини зошто токму да научиш Ruby on Rails.


Да започнеме со листата.



1.       Одобрен од програмери-почетници


Често оние кои сакаат да започнат со изучување на програмирање не знаат кој програмски јазик да го одберат. Дури и да немаш претходни технички вештини и да знаеш како да кодираш, многу лесно можеш да научиш Ruby on Rails. 

Затоа овој програмски јазик е одобрен и поддржан од ИТ светот, особено од програмери-почетници.

Јас, доколку би почнал со програмирање сега, би го избрал Ruby on Rails.



2.       Лесен за користење


Овој програмски јазик е базиран врз основа на Ruby, што значи дека е лесен за користење и изучување. Кодот во Ruby е веќе лесно разбирлив, сам по себе и е добро документиран. 


Исто така, многу битен е фактот што доколку промашиш некоја точка-запирка или пак оставиш празен простор помеѓу некои линии код, нема да се одрази врз целосниот код, бидејќи тие ситници Ruby не ги препознава.


Пробај да го направиш истото во Java и провери дали кодот ќе функционира.



3.       Силна поддршка од заедницата


Овој програмски јазик има голема и лојална заедница, составена од големи ентузијасти за Ruby on Rails. Тие го приложуваат својот код јавно во истата заедница, што го прави кодирањето многу полесно за останатите членови.


Заедницата, заедно со помош на Stack Overflow, ќе ти помогнат да станеш експерт во овој програмски јазик многу побрзо во споредба со останатите јазици.



4.       Голема побарувачка за Ruby on Rails девелопери


Има причина зошто има голема побарувачка за Ruby on Rails девелопери. Бидејќи, преку овој јазик може најбрзо и најефективно да се изгради било каква веб-апликација. Од големи до мали компании, сите бараат Ruby on Rails девелопери поради нивната брзина и ефикасност при работа.


Оваа побарувачка ќе продолжи и понатаму да се зголемува. Колку поголема побарувачка, толку е поголема платата за ваков тип на програмери. 


Токму заради овој факт, просечната годишна плата на еден Ruby on Rails девелопер е преку 120 илјади долари, на светско ниво.



5.       Успешни компании креирани преку Ruby on Rails


Како резултат на предходно надевените причини, многу популарни (и профитабилни) компании и веб-апликации се изградени преку Ruby on Rails.


Едни од повеќе познатите компании креирани преку Ruby on Rails се:

  • Airbnb

  • Shopify

  • Twitter

  • Groupon

  • Couchsurfing


Фактот што овие апликации се креирани преку Ruby on Rails ти кажува точно зошто да го одбереш овој програмски јазик.


Заклучок


Доколку не си сигурен/на со кој програмски јазик да ја започнеш твојата ИТ кариера, топло ти го препорачувам Ruby on Rails. 


Иако постојат повеќе различни програмски јазици (за кои имаме напредни  курсеви и академии), сепак Ruby on Rails е еден од полесните и поефективните јазици, доколку сакаш да креираш веб-апликации.


За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.