10 Причини зошто треба да станеш програмер - Code Academy
10 Причини зошто треба да станеш програмер

Програмирањето е една од највозбудливите, најфлексибилните и најмодерните професии во светот. Дефинитивно една од подобрите алатки коja можеш да ја поседуваш во твоите раце.


Со оваа вештина можеш да изградиш некои, навистина неверојатни работи и некогаш да го направиш тоа што некои го сметале за невозможно.


Сè во денешниот дигитален свет, на некој начин, е под влијание од технологијата. Тогаш, зошто да не научиш како да програмираш и да ја превземеш контролата врз технологиите во твои раце, преку креирање на веб-страници или веб-апликации?


Можеби се прашуваш што точно е програмирање. За тие што не се запознаени со овој поим, програмирање е процес на креирање на програми (како што се веб-апликации и веб-страници), кои функционираат на компјутери, мобилни телефони или таблети.


Сите луѓе кои користат компјутер, мобилни телефони, па дури и копче на машината за кафе, користат некоја форма на компјутерско програмирање во нивниот секојдневен живот.


И со помош на програмирањето можеш да креираш неверојатни работи. На пример, немаш време да чекаш такси 40 минути пред зграда/куќа?


Едноставно изгради апликација преку која одредуваш кое време сакаш да те чека такси на одредено место. Можеш да направиш календар со кој одредуваш во кои денови и кое време ти треба такси и при тоа да ја отцениш услугата. Исто така, можеш да поставиш систем за електронска наплата и мапа да знаеш каде во моментот е лоцирано твоето такси.


Доколку размислуваш за промена на професија или пак си во потрага по професија каде што е потребен квалитетен кадар, тогаш треба да ја разгледаш опцијата да станеш програмер.


Полесно е отколку што мислиш, бидејќи постои ефективен и докажан начин како да бидеш дел од програмерскиот свет.


Дури и ако не се одлучиш да станеш програмер, само запомни дека пасијата е основа за да бидеш врврен/на во било која професија.


Во оваа статија ќе споделам 10 причини зошто треба да станеш програмер.


Да започенеме со одбројувањето.



Работа која има голема побарувачка и многу можности


Веројатно најдобрата причина зошто да станеш програмер. Можностите за вработување се речиси бесконечни.


Тоа е така бидејќи светот во кој живеeме се повеќе се дигитализира и ние како општество стануваме се позависни од технологијата. Затоа има се поголема потреба од програмери и се повеќе вакви работни позиции се отвараат.


Можеш да ги искористиш твоите ново-стекнати вештини на многу различни начини, меѓу другото и да се надоврзат на твојата моментална професија.


На пример, ако моментално работиш како агент за продажба, можеш да креираш програма во која детално ги прикажува сите можни потенцијални клиенти. Исто така, можеш дополнително да додадеш функција со која разграничуваш кои луѓе се веќе клиенти, кои сè уште не се исконтактирани и кои го одбиле твојот предлог.


Исто така, можеш да станеш и freelancer (хонорарен работник), работејќи било каде во светот, во било кое време (ова ќе го објаснам подетално подолу во оваа статија).


Ваквата можност е секогаш примамлива за сите луѓе кои се авантуристи. Добри програмери на платформи како Upwork имаат просечна годишна плата од околу 80 илјади долари на годишно ниво.


За разлика од други професии кадешто побарувачката за квалитетен кадар може многу брзо да се намали, програмерите се секогаш посакувани и потребни. Тоа ти дава повеќе моќ во твои раце, бидејќи имаш повеќе избор на кои проекти и за кои компании сакаш да работиш.


Јас лично не познавам добар програмер кој моментално нема работа или не работи на некој проект.


Тоа што треба да го извадиш од оваа точка е дека постојат безброј можности за добри програмери и тоа нема да се смени во блиската иднина.



Развивање на креативност


Кога почнуваш со изучување на програмирање, почнуваш да ги гледаш сите проблеми заедно со нивните решенија. Постепено, твојот мозок ќе почне да функционира на тој начин, односно да биде фокусиран кон откривање на решенија на проблемите. 


Во претходната статија веќе напоменавме дека креативноста и адаптиблиноста се битни карактеристики кои добрите програмери ги поседуваат. Дури и Steve Jobs сметал дека секој во светот треба да научи како да програмира бидејќи тоа те учи како да размислуваш.


Креативноста е битна бидејќи проблемот со кој се соочуваш можеби има повеќе, а можеби има само едно решение. Иако програмирањето не е уметност или дизајн, сепак е професија во која е потребна креативност.


Сметај го програмирањето како процес во кој постојано креираш нешто ново.


Но, може да се случи да не го откриеш решението од прв обид. Затоа е битно да бидеш упорен/на и да пробаш да гледаш на проблемот од друга перспектива доколку твојата прва идеа не функионира.


Често доколку некоја задача ќе биде доделена на еден програмер, тој веднаш почнува да го пишува кодот без да направи детален план. Ниеден проблем не се решава така.


Затоа е потребно да ја поделиш работата на мали делови коишто се полесни за менаџирање.


Тоа дава можност да ја истакнеш твојата креативна страна во најдоброто можно светло. Бидејќи реалистично, на колку помали делови ќе го поделиш проблем, толку повеќе ќе можеш да се фокусираш да најдеш начин како да стигнеш до решение за секој дел поединечно.



Развивање на адаптибилност


Како што веќе напоменавме, оваа карактеристика е една од побитните, бидејќи ИТ светот постојано се менува и мора и ти, како иден програмер, да знаеш како да се менуваш заедно со него. 


Под адаптиблиност, се подразбира постојано прибирање на дополнителни информации и нови вештини поврзани со полето во кое работиш. Така ќе можеш многу лесно да се приспособиш на околината која константно се менува околу тебе.


Тоа значи и експериментирање со различни технологии и избирање на друга насока доколку првичната не е вистинската.


Исто така, те тера да размислуваш “outside of the box” кога бараш решение на одреден проблем.


Меѓу најдобрите веб страници за постојано да бидеш информиран во однос на ИТ светот се: TechCrunch (мојот личен фаворит), CNet, Reddit, Twitter Moments, etc.



Развивање на упорност, трпеливост и внимание кон детали


За да бидеш врвен програмер треба да поминеш безброј часови надоградувајќи ги твоите вештини, општо следење на целата индустрија, и запознавање со секој можен детал кој треба да го знаеш за да ги извршуваш задачите на ефективен и ефикасен начин.


Трпеливоста е исто така битна алатка која мора да ја поседуваш како програмер. 


Можеби ќе бидат потребни неколку обиди, кои веројатно ќе траат со часови или денови, за да стигнеш до посакуваниот резултат. Некогаш ќе се чуствуваш како да си ги погледал/а сите опции и дека си дал/а се од себе, но сè уште решението не е пронајдено.


Сето ова може да се случува додека ти се наближува крајниот рок за извршување на задачата или проектот. Најбитно е да останеш трпелив/а и да се фокусираш на работата.


Како програмер, мора да се соочиш со фактот дека кодот кој ќе го напишеш најверојатно нема да функционира од прв обид. Програмирањето те учи како да продолжиш понатаму и да пробаш различни агли и перспетиви додека не успееш.


Некогаш може да се случи една точка или запирка да биде причината зошто целиот твој код да не функционира. Затоа е битно да обрнеш особено внимание на детали.


Кога се соочуваш со опреден проблем, почнуваш да гледаш повеќе можности и решенија. И без разлика на тоа колку е комлициран или тежок проблемот, по повеќе обиди ќе стигнеш до добри резултати.


Исто така, треба логично да размислиш во врска со проблемите. Комбинацијата на логика, упорност и трпеливост води кон посакуваните резултати.



Изучување на нов јазик


Програмирањето е многу повеќе од само еден куп линии код на една црна (или бела) позадина. Постојат многу програмски јазици од кои можеш да избереш, а кои работат по слични принципи.


Едни од најпознатите програмски јазици во светот се: Python, C, Java, JavaScript, PHP, Ruby, .NET, итн.


Толку затоа, во склоп на Code Academy, нудиме курсеви и академии за било кој да стане full-stack девелопер во повеќе програмски јазици. За повеќе информации КЛИКНИ ТУКА.


Дури можеш и сам/а да креираш твој програмски јазик, откако ќе научиш како да програмираш.


Програмските јазици можеш да ги гледаш на исти начин како што англискиот и италијанскиот. Тие се различни меѓу себе, но имаат взаемни карактеристики. Потполно твој избор е кој програмски јазик ќе одлучиш да изучуваш врз основа на твоите цели и планови за иднината. Затоа бирај внимателно.



Бесконечен број на можности


Една од најдобрите бенефити што програмирањето го носи со себе е тоа што можеш да изградиш скоро сè што ќе посакаш. Може да биде од апликација за мерење на пулс, до апликација која ти служи за да ти покаже дали некоја личност е твоја роднина или не.


Програмирањето ја има таа моќ да ти го зголеми твојот потенцијал, со тоа што отвара голем број на врати.


Ова е една од малкуте професии кадешто изразот “the sky is the limit” е вистинит.



Сѐ е во твои раце


Со оваа причина се надоврзуваме на претходната. Како што веќе напоменавме, технологиите играат голема улога во нашите животи. Дури може да се каже дека веќе неможеме да живееме без нив.


И во денешницата, програмирањето се користи се повеќе за да се автоматизираат одредени секојдневни задачи кои на луѓето им одземаат премногу време, труд и енергија.


На пример ти, како агент за продажба, треба да ги подредиш 5,000 клиенти според име или според денот на склучниот договор. 


Размисли колку време, енергија и труд треба да вложиш за да го оствариш тоа. Сега размисли колку таа задача би било полесна и побрза доколку се заврши преку некоја програма која ќе ја направиш.


Ја гледаш сега разликата?


И да не заборавиме дека со тек на времето додека собираш знаење и искуство, и ја градиш своето портфолио, ќе можеш да одбереш за кои проекти и за кои компании сакаш да работиш.


Наједноставно кажано, ја превземаш твојата иднина во твои раце.


Како и да е, со градење на интересни и корисни програми, правопропрционално се подобруваат односите со клиентите, и тоа те става на радарот на поголеми клиенти.



Работење било кога и било каде


Една од интересните предности кои програмирањето ги носи со себе е можноста да работиш како freelancer. Тоа значи дека можеш да правиш сè што ќе наумиш:


- Да работиш од дома во пижами


- Да работиш од хотел, патувајќи низ светот


- Да работиш од твојот омилен кафич


- Да работиш од кола после вежбање јога во Тајланд



Работењето во движење ти дава слобода да одлучиш кога и каде ќе работиш. Тоа е одличен начин како да оддржиш совршена хармонија помеѓу работата и приватниот живот.


Работа како freelancer е совршено направена за еден програмер, и покрај фактот што оваа предност ја немаат повеќето професии.


Доколку одлучиш дека сакаш целосно да работиш во движење, тогаш можеш да живееш каде што ќе посакаш. Сè што ти треба е добра интернет конекција и тивко место каде што можеш да се фокусираш на работата.


Со оваа опција се отстранува трошењето на пари, време и енегрија на беспотребни работи.



Одлична плата


Приметив дека кога се збори за “причини зошто да станеш програмер”, намерно или ненамерно, не ја спомнуваат една од најважните причини, а тоа е одличната плата.


Претпоставувам дека ја одбра оваа професија како начин за да заработиш за живот, а не само како хоби. Во зависност од твоите одговорности и колку си добар/ра во тоа што го работиш, програмер е една од тие професии која во просек е многу добро платена.


Доколку одлучиш да работиш како freelancer, имаш опција да избереш да работиш голема и профитабилна компанија, и тоа има свои бенефити. Уште една добра работа е што секогаш можеш да се вработиш за друга компанија или област каде што повеќе инвестираат во кватилитетен кадар.


Но, треба да се напомене дека на твоите први неколку работни позиции, платата веројатно ќе биде просечна.


Исто така, претпоставувам веќе си слушнал/а дека програмерските позиции се подобро платени до други позиции. Дополнително, можеш да работиш за неколку компании, и на интернет и во државата во која живееш, врз основа на договорот кој што ќе го склучиш.


Еве малку статистички податоци за да се поддржи оваа точка:

  • Во Македонија, програмерите заработуваат околу 93,200 денари на месечно ниво


  • Платите варираат од 78,200 до 112,000 денари месечно.

  • Во Фанција, Финска и Холандија, платата на програмерите варира од 40,000-48,000 долари на годишно ниво

  • Во Германија, Шведска и Велика Британија, програмерите имаат плата од 53,000-55,000 долари на годишно ниво


Ти го подобрува животот


Преку било кој програмски јазик ќе научиш дека дури и само неколку линии код можат многу да ти го олеснат животот. 


Секогаш постојат здодевни секојдневни задачи кои мора да ги завршиш. За таа цел, можеш да изградиш програма која ќе се грижи за тие повторливи задачи, доколку не е потребно лично да се залагаш за нив.


Програмирањето ти ја дава таа моќ да ги избегнеш здодевните задачи и да се фокусираш на нешто многу побитно.



Заклучок


Без разлика на тоа каде живееш, преку програмирањето, можеш да го промениш својот живот за 360 степени. Програмирањето е една од оние е професии во која сите ја имаат истата можност за просперирање.


Дополнително, имаш пристап до врвни начини преку кои ќе научиш да програмираш. Се што треба да имаш е посветеност и упорност за да стигнеш до твоите цели.


Академии, книги, игри, предизвици, итн.


И потребно е да гледаш на неколку фактори како:

- Дали и колку се менторите квалификувани?


- Колку време трае целиот процес?


- Дали ќе научам се што е потребно за да станам full-stack програмер?


- Дали постои можност за пракса?


-Дали постои можност за вработување во квалитетна ИТ фирма?


АПЛИЦИРАЈ ДЕНЕС и дознај се поврзано со твојата идна професија.


И се читаме во следната статија.