Топ 10 игри кои веднаш ќе ги подобрат твоите програмерски вештини! - Code Academy
Топ 10 игри кои веднаш ќе ги подобрат твоите програмерски вештини!

Едни од најбитните нешта што секој иден програмер мора да ги направи уште од самиот почеток е всушност да ја одбере вистинската насока. Насока којашто ќе му помогне да ја постигне својата цел (да стане full-stack девелопер) на најефективен и најинтересен начин.

Секако, постојат многу опции, честопати збунувајќи го програмерот-почетник.

Академии, е-книги, он-лајн курсеви и игри, итн..

Веројатно се прашуваш: “Игри? Како можат игри да ми помогнат да научат како да кодирам?”

Денес, токму тоа ќе го споделам со тебе.

Бидејќи игрите се интересна варијатна со која можеш да научиш да кодираш на забавен начин.

Исто така, мора да се напомене дека иако програмерските игри најверојатно нема да те научат се што е потребно за кодирање, сепак тие се одличен начин за вежбање на твоите вештини.

Овие 10 игри се најдобрите во светот, според позитивниот feedback коишто тие ги добиле од страна на илјадници задоволни корисници.

Без многу одовлекување, да започнеме со листата.


CSS Diner

За ја започнуваме оваа листа со основниот јазик кој секој програмер мора да го научи, CSS.

CSS Diner овозможува на едноставен и интересен начин да научиш CSS. Играта има 32 нивоа коишто ќе те научат како функционираат “CSS selectors”.

Секое наредно ниво е покомплексно од претхнодното, градејќи на тоа што веќе си го научил во претходните нивоа.

И врз се ова, оваа игра е бесплатна, како и останатите на оваа листа.


Code Monkey

Следнава игра е општо прифатена за една од најдобрите кодерските игри, насочена повеќе кон деца, иако е исто така забавна и за восрасни. 

Code Monkey им дава можност на своите студенти не само да ги научат основните вештини за кодирање, туку и да научат како да кодираат во вистински програмски јазици како CoffeeScript и Python. 

Тие го овозможуваат тоа преку нивните нивоа: Coding Adventure, Banana Tales, Beaver Achiever, итн.

Преку кодирање, децата ќе развијат критично размислување, разум и логика, кои се потребни вештини за во иднина. 

CodeMonkey е игра која ги учи своите студенти како да креираат своја игра во HTML5.

Со повеќе награди во сферата на кодирањето, заедно со многу задоволни клиенти, дефинитивно може да кажеме дека Code Monkey е една од подобрите игри во светот.


CodinGame

Една од подинамичните игри на оваа листа е токму следнава, CodinGame.

Оваа бесплатна игра е направена со цел да им овозможи на своите студенти да изучуваат повеќе од 25 програмски јазици, влучувајќи ги и JavaScript, Ruby и PHP преку забавни и интерактивни игри.

Преку решавање на интересни предизвици, ќе откриеш нови јазици, алгоритми и трикови коишто ќе ти помогнат да ги развиеш твоите кодерски вештини за само неколку часови.

Секако, оваа игра е прецизно изградена од врвни девелопери, а секој од нив е експерт во еден или повеќе од 25+ програмски јазици.

Една интересна работа во врска со CodinGame е дека исто така имаат и растечка заедница на програмери коишто се поврзани со неа или како играчи или како надоградувачи на платформата.

Заедница каде што можеш да ги споредиш твоите резултати со оние на најдобрите програмери во светот. 

Најбитна работа во врска со CodinGame е тоа што ти овозможува да играш со пријатели и колеги, како и можноста да се пријавиш на глобални кодерски натпреварувања.

И според форумите во врска со оваа игра, можеме да приметиме дека е општо прифена како една од најдобрите игри во програмерскиот свет.


CodeCombat

Оваа следна игра е насочена кон студенти и професори, но секако може секој да ја игра.

Преку CodeCombat, студентите ги подобруваат своите вештини во програмските јазици Python и JavaScript, додека играат интересни и информативни игри.

Една од подобрите игри каде што студенти пишуваат вистински код и ги гледаат своите анимирани ликови како веднаш реагираат на нивниот код.

Оваа програма за компјутерски науки се стреми кон интеракција со своите студенти за продлабочување на пасијата за кодирање. Исто така, ги охрабрува сите професори да предаваат кодирање преку прикажување на вистински примери, и да ги испирира сите студенти да креираат што е можно подобра програма за компјутерски науки.

Преку оваа игра, професорите имаат можност:

● Да промовираат изучување на програмирање преку проекти

● Да ги следат сите продатоци за своите студенти преку управувачка табла

● Да креираат персонализирани упатства и доделување на задачи на поединечни студенти

● Да ги следат и адаптираат кон нивоата за изучување програмирање на секој поединечен студент

Преку овие игри, корисниците се охрабруваат на процесот “trail and error”, како и да размислуваат критички и да ја развијат својата креативност.

Откако ќе заврши овој процес, студентите ги користат своите нови вештини преку градење на игри и веб-страници во склоп на поединечни проекти.

Секое ниво на CodeCombat е оптимизирано да се адаптира на секој поединечен корисник. За тие студенти кои се заглавени или пак имаат некој проблем, оваа игра нуди и нивоа за вежбање како и корисни трикови и, како најдобар форма на помош.

Дефинитивно една од подобрите игри моментално во светот.


Ruby Warrior

Следна игра на нашата листа е насочена кон сите студенти кои го изучуваат (или сакаат да го научат) Ruby, а таа е Ruby Warrior.

Оваа игра е дизајнирана на забавен и интерактивен начин преку изучување на прорамскиот јазик Ruby и вештачка интелигенција.

Проект направен од Bloc, Ruby Warrior е насочена кон луѓе кои сакаат да ја задржат својата сегашна работа, да научат како да кодираат и да станат успешни софтвер девелопер.

Во текот на оваа игра, ти си воин кој се обидува да се качи на високата кула и да стигне до скапоцениот “Ruby” на најгорното ниво. На секое ниво треба да напишеш код со кој го насочуваш твојот воин да се бори со непријатели, спаси заробеници и да стигне до скалите, кои водат до следното ниво.

Иако можеби имаш некоја претстава на тоа што те очекува, сепак не знаеш што точно ќе се случи на следното ниво. Мора однапред да му дадеш на твојот воин доволно вештачка интелигенција за да може да се снајде во текот на нивоата.

Ако сакаш да го научиш програмскиот јазик Ruby, тогаш Ruby Warrior е вистинската игра за тебе.

Постојат две нивоа на комплексност од почетокот на играта: за почетници и оние со предходно знаење. Нивоата на почетокот се лесни и постепено стануваат покомплицирани и потешки.

За да го зачуваш твојот напредок во играта, ќе мора да се логираш преку Facebook.


Flexbox Defense

Следно, ние слетуваме на играта којашто e одличен начин како да ги извежбаш твоите CSS (а особено твоите flexbox) вештини, Flexbox Defense. Базирана врз основа на класичните игри со кули за одбрана, со клучната разлика на поставување на елементи со CSS.

Во оваа игра, поставуваш кули во одредена позиција по текот на патеката и ја браниш истата од бранови на непријатели. Постојат 12 нивоа, секое покомплексно од претходното.

Оваа он-лајн апликација ќе те научи како да го користиш Flexbox Layout Module-от на најзабавен начин.

Flexbox го поедностави процесот на модифицирање елементи по хоризонтална и вертикална оска преку редови и колони.

Бидејќи елементите се поставуваат (или “flex”-аат) во различни димензии за да го пополнат просторот, правејќи го респонзивниот дизајн многу полесен за манипулирање.

За совладување на оваа игра, потребно е и совладување на Flexbox терминологијата:

● Main-axis

● Main-start / main-end

● Main size

● Cross axis

● Cross-start / cross-end

● Cross size

CSS flexbox е одлична опција кога се работи за општиот распоред на твојата веб-страница или апликација. Лесен за изучување и не треба многу долго за да се разберат основите.

И според позитивните оцени коишто ги добива оваа игра на product hunt, можеме да заклучиме дека е Flexbox Defense заслужува да биде на оваа ексклузивна листа.


Flexbox Froggy

Уште една игра наменета да ги надгради твоите CSS и HTML способности, Flexbox Froggy. 

Игра којашто црпи инспирација од останати популарни игри како “Frogger”, “CSS Diner” и “Erase All Kittens”. Ќе ги учиш истите комнади коишто се применуваат и во Flexbox Defence.

Мора да ги вратиш жабите дома, преку коритење на CSS flexbox инструкциите.

За таа цел, мора да се имаат на ум поставувањето на елеметите и поставувањето меѓу нив на веб-страницата.

Почнуваш од ниво 1 и полека се движиш низ 24 различни нивоа, додека изучуваш за многуте аспекти на Flexbox ориентацијата.

Почетните нивоа се и полесни, каде што играта бара од тебе да поставиш една или две жаби во еден сад. Задачите стануваат покомплексни после 10тото ниво.

Едни од најбитните и основни вредности коишто ќе ги научиш преку оваа игра се:

● Flex-start

● Flex-end

● Space-between

● space-around

Flexbox Froggy е дефинитивно една од подобрите игри доколку сакаш да ги усовршиш твоите CSS вештини. Таа е бесплатна, многу забавна и едукативна.

Ако си веб-девелопер на било какво ниво, мора да ја пробаш оваа веб-апликација.

Признавам дека постанување на жави нема веднаш да те направи господар на flexbox. Но, овие задачи се направени за да те зближат до flexbox синтаксата за да се чуствуваш поудобно работејќи со вистински код.

За започнување и усовршување на твоите програмерски вештини, постои друго решение.


Code Hunt

Следна игра на нашата листа е Codе Hunt, платформа со повеќе од 140,000 активни играчи во предходната година. Платформа којашто е посветена на натпреварувања за кодирање и вежбање на програмски вештини.

Codе Hunt работи по принципот на давање одредена загатка на корисникот, без притоа да пронуди дополнителни информации.

Твоја задача е да ја откриеш скицата на проблемот а потоа да го напишеш кодот.

Во текот на последните неколку години, оваа игра стана многу популарна и во моментот има светско натпреварување каде што кандидатите треба да решат сет од загатки за одреден временски период.

Како што можеме да приметиме, Codе Hunt те учи кодирање на уникатен начин.

За да можеш да играш, мораш да пронајдеш фрагменти од код, да ги анализираш и да го модифицираш кодот за да се совпадне со тие фрагменти.

Преку оваа игра се изучуваат програмските јазици Java или C#.

Оваа платформа веќе има повеќе од 1.5 милиони програми во нивната дата база, која што поврзува одреден корисник со одредено ниво на стручност.


Robocode

Пристигнавме на предпоследната игра на нашата листа за топ 10 игри што веднаш ќе ти помогнат да ги подобриш твоите програмерски вештини, Robocode.

Програмска игра со која треба да искодираш тенк-робот и истоит да се натпреварува против други роботи во арената за борби. За таа цел токму е избрано името Robocode (кратенка од Robot + Code).

Во оваа игра, ти си само програмер на виртуелниот роботот и немаш директно влијание врз исходот на битката.

Заради тоа, мораш да го ја насочиш вештачката интелигенција на роботот за да му укаже како да се однесува и како да реагира на одредени случувања на бојното поле.

За Robocode, кодот се пишува во Java или .NET.

Не е зачудувачки фактот што Robocode е користена од страна на училишта и универзитети за учење на своите студенти како да програмираат, но исто така и студирање на вештачката интелигенција.

Концептот позади кој е направена оваа игра е лесен за анализирање.

Единствениот услов кој мора да го исплонуваш за користење на Robocode е да имаш веќе вграден JVM (Виртуалена Java машина) на кој што ќе може играта да биде инсталирана.

Освен тоа, се останато што е потребно за непрекинато движење на оваа игра е во robocode-xxx-setup.jar.

Фактот што Robocode функционира на Java, значи дека ќе работи на било кој оперативен систем со однапред инсталиран Java на него (Windows, Linux, Mac OS, итн).

Врз се ова, Robocode е игра која што е бесплатна за користење и е креирана како пасира повеќе од што е за профит.

Оваа е игра е една од подобрите кога се работи за учење како да се програмира, превенствено во Java, иако C# и Scala стануваат популарни последниов период.


Untrusted

Последна игра на нашата листа е Untrusted, авантуристичка игра изградена во мета-JavaScript. Игра која што ги тестира твоите способности за решавање на едноставни и комплескни проблеми.

На почетокот на оваа игра, твојот анимиран лик е заробен со само еден компјутер и мораш со помош на код да го оформиш светот околу тебе. 

Со помош на “WASD” копчињата го поместуваш твојот лик, се додека не ти се појави полето со кодот на десната страна на екранот. Во тој момент се појвавува код кадешто ти треба да внесеш дополнителен код или да го провениш веќе постоечкиот.

Под тоа поле има повеќе корисни копчиња кои ќе ти помогнат во текот на играта.

Постои опција за ресетирање на целото ниво, но треба да се напомене дека кодот што веќе го имаш напишано ќе биде избришан. Исто така, со “Menu” копчето можеш да отвориш новиа кои веќе си ги поминал.

Со помош на JavaScript, насочи го твојот анимиран лик низ нивоата на играта.

Не се плаши да се бидеш креативен и да експериментираш, бидејќи многу нивоа немаат само едно решение, туку повеќе.

Исто како и предходните игри на оваа листа, нивоата стануваат се повеќе комплесни како што прогресирате низ играта.


Заклучок

Програмските игри се едни од најзабавните и најинтерактивните начини како да почнеш да учиш кодирање (или да ги усовршиш веќе постоечките вештини).

Од игри повеќе насочени кон деца до оние конкретно за CSS, постојат различни игри за различни програмски јазици и намени.

Сепак, игрите имаат свој лимит. 

Не е доволно само да играш Robocode, доколку сакаш детално да научиш Java.

Затоа е потребно да нешто друго, нешто повеќе. Потребен е цел процес.

Процес во кој, со помош на експертски совет и знаење, во текот на период од 6 месеци ќе изучуваш како да станеш full-stack програмер.

Процес во кој, со помош на предавања, проекти и домашни задачи ќе ја постигнеш твојата цел.

А токму тој процес го нуди Code Academy. Од едукација до вработување. Се што треба да направиш е да се пријавиш на некој од нашите тековни академии.

За дополнителни информации, КЛИКНИ ТУКА.

Се гледаме во следната статија.