PHP е прв избор на сите почетници: еве зошто - Code Academy
PHP е прв избор на сите почетници: еве зошто

PHP е најпосакуваниот избор за почетници, заради фактот што е лесен за учење, како и можноста за вработување во топ компании со висока плата.

Токму затоа, во склоп на Code Academy, нудиме академија со цел да станеш full-stack PHP програмер, за само 6 месеци, заедно со 3 месеци загарантирана платена пракса. За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.

Преку PHP, се изградени голем број на популарни бизниси како Facebook, Yahoo и Wikipedia, поради огромниот број на бенефити кои овој програмски јазик ги нуди. Исто така, повеќе од 79% од сите веб-страници во светот користат PHP.

Еве уште неколку причини зошто да станеш full-stack PHP програмер.

Висока плата

Овој тип на програмери имаат една од највисоките плати во ИТ светот. Според it.mk, платата на еден добар full-stack PHP програмер во Македонија е над 65,000 денари. На светско ниво, просечната годишна плата на еден ваков програмер е 59,000 евра.

За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.

Висока побарувачка

За разлика од други програмски јазици, за PHP програмери, секогаш постојат отворени и високо платени работни позиции.

Иако во моментот можеби се размислуваш за други програмски јазици како Python, Java или Kotlin, таквите работни позиции се лимитирани и ИТ компаниите многу ретко пуштаат огласи за таков тип на програмери.

Затоа ние ја нудиме оваа академија за PHP, бидејќи значително ќе ги зголеми твоите шанси да се вработиш во една од најпознатите компании во Македонија (со висока плата).

Исто така, во склоп на нашата програма, Маријана како твојот личен агент за вработување и тренер за развој на кариера, ќе ти помогне полесно да се вработиш во ИТ индустријата. Овој дел од програмата, иако многу битен, го нудиме бесплатно. За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА.

Работа како freelancer

Оваа точка се надоврзува на претходната, со тоа што добри full-stack програмери имаат можност за работат било каде, било кога.

Оваа опција е секогаш присутна за еден PHP програмер, и особено атрактивна за сите оние кои се авантуристи.

Можеш да работиш, од дома, од хотел или на било кое друго место кое нуди добра интернет конекција.

Лесен за почнување

Доколку си почетник-програмер, PHP e одличен избор за тебе. Секако дека, доколку веќе кодираш во некој друг програмски јазик, PHP ќе биде уште полесен за почнување.

Но, истото важи и за почетниците, бидејќи постојат многу алатки кои ќе ти помогнат полесно да се усовршиш во овој програмски јазик.

Заклучок

Доколку сакаш да станеш високо платен full stack програмер, PHP е вистинскиот избор за тебе. 

Од висока плата до можност за работа како freelancer, постојат огромен број на можности и бенефити кои секој сегашен или иден PHP програмер ги има.

Моментално, Code Academy нуди академија токму за full-stack PHP програмирање. Слободните места се ограничени. За повеќе информации, КЛИКНИ ТУКА