Дали треба да носам мој лаптоп?

Секој студент треба да носи свој лаптоп преку кој ќе извршува практични задачи и ќе програмира.

Доколку немате свој лаптоп, ние ќе ви обезбедиме лаптоп или работна станица за време на наставата. Притоа, сугерираме да си понесете USB како би можеле сработениот материјал да го имате на увид и вон наставните часови.

Малолетен сум ама имам силна желба да научам да кодирам. Дали можам да се запишам на Code Academy?

Сode Academy е отворен за секој. Доколку сте малолетен и имате одобрување од вашиот старател/родител, можете да се запишете кај нас.

Дали треба да имам некакво познавање на програмирање пред да се запишам?

Секако дека не треба. Нашата програма за Full-Stack Web Developer е специјално создадена да ве научи како да програмите и логично да размислувате без претходно знаење.

Што е Full-Stack Web Developer?

Full-Stack Web Developer е најплатената и најбараната професија во IT индустријата. Full-Stack Web Developer работи со front-end и back-end порциите на апликации. Тие имаат фунционално знаење да претворат концепт во завршен продукт.

Колку е цената за програмата Full-Stack Web Developer?

Цената за Full-Stack Web Developer програмата изнесува 1500 евра кои можете да ги платите и на 6 рати од 250 евра месечно.

Посредуваме и за наменски потрошувачки кредит преку НЛБ Тутунска Банка, при што месечната рата е 3000 денари за период од 36 месеци.

Дали издавате некаков сертификат по заврушање на програмата?

Code Academy издава сертификат за Full-Stack Web Developer на секој студент кој успешно ќе ја заврши програмата и ќе го положи крајниот усмен и писмен испит.

Каде ќе се оддружаат предавањата?

Во моментов предавањата ќе се оддружуваат само во Скопје меѓутоа во блиска иднина и во повеќе градови во Македонија.

Дали издавате стипендии?

Да, издаваме целосни стипении. Повеќе информации за стипендии имате ТУКА.