Ема е Front-end developer со повеќе од седум години искуство позади себе. Моментално работи како front end developer во Intertec и Global Savings Group. Од досегашната работа како front-end девелопер во Intertec, Ема има работено на white labels сајтовите на CNN и Business Insider, a како дизајнерски успех е објавата на нејзината позадина на Smashing magazine.

Владимир e Full-stack Javascript developer во Intertec и Global Savings Group, одговорен за фронтендот на GSG, а од скоро работи на апликација за преработка на податоци за компанијата во NodeJS. Прв комерцијален проект што го има сработено е едукативна мрежа за деца за изучување на јазици, "Talk2World", каде што има направено chat систем налик на оној на Facebook, како и 1 на 1 видео конференција помеѓу децата. Исто така има искуство во едукација како асистент на IT академија.

Иван како CTO на Office Plus има развиено enterprise solution платформа преку кој ја има целосно дигитализирано компанијата. Своето 10 годишно full-stack знаење го применува за лични проекти како и за наоѓање решенија во различни сектори од компанијата.