1. Introduction to Coding
Во оваа прва фаза ќе ги учите основите на програмските јазици и ќе разберете зашто тие функционираат така како што функционираат.
2. Web Structures
Разлини цели, влечат различни технологии. Во оваа фаза ќе разберете како точно се систематизираат одредени проекти.
3. HTML
Се од тоа што гледате како краен резултат на една веб страна е генерирано со HTML. Овој едноставен јазик е основата на градење веб апликации. Во оваа фаза ќе научите како да владеете со HTML.
4. CSS
Додека HTML ја генерира структурата, CSS го генерира дизајнот. Без овој јазик, веб страните не би изгледале толку кул. Во оваа фаза ќе научите како да претворите било каков дизајн во Веб верзија.
5. Node js
Node JS е една од нај брзите back-end технологии базирани на JavaScript која за рекордно време стана стандард за компании како Uber, Paypal, Netflix, Nasa, Yahoo, Groupon, LinkedIn и многу други.
6. MySQL
MySQL е машината која раководи со податоци. Во оваа фаза ќе научите како да манипулирате со податоци како професионалец.
7. JavaScript
Javascript ви овозможува манипулација на податоци во реално време, без да мора да го обновите линкот. Во оваа фаза ќе научите како да извршувате функции во реално време.
8. Building a Static Website
Имајќи ги сите потребни основи, до оваа фаза вие ќе бидете целосно способен да си го изградите вашиот прв статичен сајт.
9. Building a Dynamic Website
Во оваа фаза заедно ќе градиме онлајн продавница како Amazon почнувајќи од нула.
10. Building a User Website
Доколку одсекогаш ви било желба да имате свој сопствен социјален медиум тогаш ќе ја обожавате оваа фаза затоа што тука ќе научите се што е потребно за тоа.
11. Building A Search Engine
Оваа фаза е се околу алгоритми и анализа на податоци. До ова време ќе имате доволно познавање да изградите мотор за пребарување кој ги сортира резултатите зависно од предходно дефинирани параметри.
12. Building A Live Chat
Доколку сон ви било да имате целосно приватен чат, тогаш оваа фаза ќе ви биде омилена.
13. Building An API Website
Во оваа фаза ќе научите колку е лесно да се изгради веб апликација која работи со податоци од други платформи.
14. Building A Web Game
Во оваа фаза, секој ќе научи како да си направи своја игра како Flappy Bird.
15. Работна Пракса
За да ги усовршите ново стекнатите вештини, Code Academy ве праќа на 3 месечна пракса во реномирана компанија каде што ќе имате шанса да научите како да се снајдете во професионална средина.
Почеток на твојата кариера
Крајната цел на Code Academy е да ви помогне да изградите успешна кариера како web developer.
Вработување

Дали сте знаеле дека не мора да имате формална факултативна едукација за да бидете добро платен програмер?

Праксата која што ние ви ја нудиме и предходно изработените проекти во академијата ќе бидат доказ дека вие сте спремни за сериозни предизвици.

Freelance Кариера

Доколку работење со полно работно време во компанија не е за вас, вие ќе бидете целосно способен да работите за себе на било која од познатите freelance платформи.

Со овој модел на бизнис, вие ќе можете да работите од било каде во светот и вие да си го диктирате вашето работно време.