Уписите на Code Academy за Full-Stack Web Developer се во тек

За упис, потребно е прво да потполните општа апликација тука

Откако ќе аплицирате, ќе бидете контактирани од нашите асистенти и ќе бидете поканети на интерју. На ова интервју ќе ви бидат поставени серија на прашања преку кој што ќе бидете оценети и од тоа ќе зависи дали ќе бидете примени во академијата.

Селекцијата на студенти ќе биде лимитирана на само најдобрите апликанти кои успешно ќе го поминат интервјуто за селекции. Бараме нашите идни студенти да покажат дека имаат волја и силна желба да станат програмери.

Предавањата ќе се оддржуваат 3 пати неделно во Клуб на Новинари, со времетраење од 3 часа, од 18:00 до 21:00 часот и пауза од 20 минути. Програмата ќе трае 26 недели односно 6 месеци, а потоа по завршувањето се започнува 3 месечна пракса во реномирани IT компании во Македонија.