Во Code Academy, ние сакаме луѓето da да бидат повеќе од програмери ние сакаме да ги научиме да бидат градетели на иднината. Токму поради тоа, ние ја формиравме оваа академија.

Во моментов, формално образование нуди застарена програма која не е во тек со најновите технолошки трендови кои многу динамично се менуваат. Наместо студентите да трошат години со застарени материјали и да дипломираат со скоро непостоечко практично знаење, тие сега имаат можност да станат програмери за само 6 месеци и да бидат компетентни да работат и во најреномираните светски технолошки компании.

Ние знаеме дека знаењето се стекнува со многу практични вежби и предизвици, кој е истовремено основата на нашата програма. Нашите студенти нема да читаат за како Марк Цукерберг го изградил Фејсбук - тие ќе си направат свој. Наша гордост е што од Code Academy секој студент искача со полно портфолио, работно искуство и самодоверба во своите способности.